Кристијано Роналдо по четврти пат е добитник на престижната „Златна топка“ на „Франс фудбал“. По 2008 година, 2013 година и 2014 година, Португалецот е прогласен за најдобар фудбалер и за 2016 година во изборот на францускиот магазин. Во изминатите 12 месеци тој постигна 102 гола во 112 настапи за мадридски Реал и португалската репрезентација со кои ги освои трофеите во Лигата на шампиони и на Европското првенство во Франција.
Капитенот на европскиот клупски и репрезентативен шампион доби 745 гласа за убедлива победа во трката за ласкавото признание. Повеќе од него (5) вакви награди има Лионел Меси.