Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗМСТАС: Нема покачување на платите за медицинските сестри

0
By Менче Атанасова Точи on November 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Медицинските сестри не се планирани во буџетите на здравствените институции и за нив не важи покачувањето на платите, реагираат од Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС“. Згора на се, тие велат дека за нив не нема едукации, признавање на високото образование, специјализациите.
„Вложуваме во подобро јавно здравство. Целта е да обезбедиме подобри здравствени услуги, а како ќе се подобрат здравствените услуги без да се овозможат правата на медицинските сестри“велат од  Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС“.
Тие потенцираат дека Министерството за финансии во буџетот за 2019 предвидува за 10% повисоки плати за лекарите специјалисти, но никаде не се споменати медицинските сестри како клучна алка при подобрувањето на здравствените услуги.
„Срамота е што сестринската фела е повторно ставена на маргините во нашето општество. На сите наши обраќања и достоинствени барања за нашите права институциите се обидуваат да не изманипулираат и само да ги одолговлечат процесите кои треба да ги превземат. Медицинските сестри не се планирани во буџетите на здравствените институции за покачување на платите, за едукации, за признавање на нашето образование, за нашите специјализации. А основната причина за сето ова е непостоењето на закон за нашата професија. Изминатиов период подготвивме и предлози за измените во законот, подготвивме предлог решенија за проблематиките со сестрите концесионери но, од Министерството за здравство немаат слух за нас. До кога намерно ќе не тргаат на страна? Ова ли е начинот на кој ќе го подобруваат здравството?“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС.
Од Унијата и здружението „ЗА НАС“ вчера потенцираа дека и по еден месец немаат никаков одговор од Министерството за здравство на барањето да се направат одредени промени за реши статусот на сестрите кои остануваат без работа.
„Иако во јавноста министерството за здравство изјави дека веќе се подготвени промени во законот за здравствена заштита и дека истите треба да влезат во собраниска процедура за 10-тина дена сеуште немаме никаква конкретна информација, а секојдневно бројот на отпуштања се зголемува. Парадоксот е огромен што тие сестри не се конкурентни на конкурсите, а и постапката за конкурирање изискува трошоци од 6000 до 7000 дена за припрема на потребната документација“, велат од Унијата и здружението.
Унијата апелира повторно надлежните сериозно да ги сфатат барањата на сестринската фела, кои до сега се обидуваат на достоинствен начин да ги добијат своите права. Доколку институциите немаат слух, следниот пат  најавија дека состанокот ќе го одржат  пред Министерството за здравство.
Над 40 медицински сестри „концесионери“ во моментов низ цела Македонија се без работа, бидејќи по основ на пензионирање или смрт на докторот, се затвориле приватните здравствени установи основани врз основа на закуп во здравствените домови во кои работеле и тие не можат да се вратат во јавното здравство каде претходно работеле поради завршување на времениот законски рок за нивно враќање. Некои од нив останале без работа и поради ангажирање други лица.
„По затворањето на ординацијата каде работеле и завршувањето на временската законска рамка тие останаа без работа. Прашувам дали во Македонија има друга таква професија на професионалци каде секој ден остануваат луѓето без работа, како што се нашите сестри од концесионерството. Нема ден да не ни се јават од кој било град дека се останати без работа, нагласи Бешлиовска.
Од Министерството за здравство информираат дека измените на Законот за здравствена заштита за преземање во јавно здравство, на медицинските сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, заради затворање на ПЗУ и во меѓувреме останале без работа, се во собраниска процедура.

„Во измените на Законот e внесена oдредба согласно која медицинските сестри, кои ќе останат без работа може да бидат преземeни во јавни здравствени установи.

Овие законски измени, кои сега се уште се во собраниска процедура, пред две недели се усвоени од Владата. Таа ги усвои измените на Законот за здравствена заштита,со можност за преземање здравствени работници со високо образование, стоматолози и фармацевти од приватните во јавните здравствени установи без распишување оглас. На овој начин ќе се пополнат празните работни места на здравствените работници, со пократки процедури“, велат во Министерството за здравство.

Времената мерка од Законот за здравствена заштита од две години истече во септември 2017 година за медицински сестри, односно во февруари годинава за стоматолошки сестри.
Додека овие медицински сестри бараат да се вратат на работа, голем број од нив ја напуштија Македонија и заминаа да работат во европските држави. Повеќето од нив добиле работна виза за Германија.
Во Македонија медицинските сестри стануваат дефицитарен кадар. И покрај тоа медицинските сестри кои останале без работа, велат дека залудно и се пријавуваат на секој конкурс бидејќи не се конкурентни поради нивната возраст.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.