ВМРО-ОКГ и нивниот сателит ЗНАМ повторно покажуваат дека се целосно празни.
ЗНАМ „засега“ нема став за законот за забрана на двојно државјанство. Мемов вели дека ставот „ќе го има кога ќе заврши внатрешната дебата“.
Колку лицемерие може да се собере во една партија?
ЗНАМ нема идеологија, нема програма, па затоа нема ни став.
Тие не знаат дали се центар или десница.
Всушност, тие не знаат ништо, бидејќи се обична сателитска партија создадена од ВМРО со единствена цел, да ја уситни и ослабне опозицијата.
ЗНАМ се платеници чија задача беше да го ослабат СДСМ.
Граѓаните ги прочитаа.
Еднаш ги излажаа, втори пат нема да им помине.
Затоа сега се казнети. Затоа веќе не постојат во истражувањата на јавното мислење.
Повеќе лаги и измами, како и конструкциите правени од ВМРО, не поминуваат.
Нема повеќе платформи на ВМРО кои можат да ја запрат новата сила на СДСМ во борбата против оваа криминална организација наречена ВМРО.
ВМРО изгуби 150.000 гласови поради лагите, криминалот и корупцијата, но изгуби и својата сателитска партија ЗНАМ.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!




