Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ до странските амбасади: Заложете се за Кежаровски

0
By Нова ТВ on June 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинари на Македонија денеска испрати барање до странските амбасади во Maкедонија, за да се заложат околу притворот на новинарот Томислав Кежаровски. Во писмото се вели:

– Би сакале да ја изразиме нашата загриженост за притворот на новинарот на Нова Македонија Томислав Кежаровски, кој ебше притворен под сомнение за пишување на текст пред пет години и дека го открил идентитетот на заштитениот сведок во судски процес за убиство

За нас, уште е нејасно зошто судските органи не покренаа постапка против новинарот Кежаровски пред пет години откако ја објавил информацијата, кога евентуално и можело да се предизвика штета на истрагата. Сега таква опасност не постои затоа што заштитениот сведок повеќе нема таков правен статус.

Ние ја спориме и мерката притвор против Кежаровски која има неколку нејасности . Во неа е наведено дека новинарот бил недостапен на мобилен телефон, дека тој имал четири мобилни телефони и дека не им се јавувал на мобилен телефон ниту на блиските пријатели. Другото објаснување е дека Кежаровски како новинар можел да влијае и врз јавноста.

Во одлуката не е прецизирано како Кежаровски може да влијае врз јавноста, дали доколку пишува за случајот „Ореше“, или за детали од истрагата. Доколку судот му забранува да пишува и го притвора по тој основ, тогаш тоа според нашето законодавство и Уставот е класична цензура.

Во македонскиот закон за кривична постапка, во членот 191 се утврдени околностите под кои може да се изрече мерката притвор: опасност осомничениот да ја напушти земјата, да влијае на сведоците и да го повтори делото. Според досегашните сознанија со кои располагаме и консултациите што ги имавме со правни експерти, ниту еден од овие услови не е исполнет за да се оправда притворот против Кежаровски.

Се сомневаме дека основна причина заради која е притворен новинарот е да му се изврши притисок да го открие изворот на информацијата. Од одговорните на весникот каде работи тој, бевме информирани дека единствено барање на обвинителот во досегашната истрага било новинарот да го открие изворот и дека ќе биде пуштен на слобода. Според нашиот Устав и меѓународните документи, изворот на информациите е заштитен.

Друг елемент на загриженост е исто така дека колегата е опфатен во група на организиран криминал и уште не знаеме која е неговата улога во таа група. Стравуваме дека тој свесно е опфатен во ова група за да биде искористен како сведок против другите притворени во овој случај.

Освен тоа, сметаме дека од аспект на етичкиот кодекс на новинарите, колегата постапил правилно кога ја објавил информацијата затоа што бранел легитимна цел, злоупотреба на заштитен сведок, во судска постапка за случај за убиство.

Подоцна, заштитениот сведок јавно признал дека изјавата со која ги товарел осомничените како извршители на убиство, била изнудена од полицијата. Ако не ја објавеше информацијата новинарот, можело двајца граѓани да бидат осудени на долгогодишна робија во неразјаснети околности.

Нашиот кодекс не обврзува да ги почитуваме законите на нашата држава, но исто така не обврзува да не криеме и да објавиме информација, која на било каков начин го загрозува јавниот интерес.

Ве повикаме да се заложите за да се разјаснат околностите околу притворот на нашиот колега и да се дознае кои се обвиненијата против него“, пишува во соопштението на ЗНМ испратено до амбасадите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.