Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: ЕК со право констатира влошување на слободата на медиумите

0
By Нова ТВ on November 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинарите на Македонија се согласува со оценката на Европската комисија дека состојбата со слободата на медиумите годинава во Македонија се влошува.

-Комисијата во извештајот за напредокот на Македонија за годинава, со право заклучува дека во најголем дел од македонските медиуми отсуствува политички плурализам и дека националните телевизии координирано ја поддржуваат владејачката партија.

Констатираме дека најголем дел оценките на Комисијата во врска со насилството врз новинари, финансирањето на медиумите и состојбата во Македонската радио телевизија и медиумскиот регулатор, се совпаѓаат со ставовите на ЗНМ.

Комисијата потврдува дека новинарите се изложени на секакви напади, додека властите не преземаат ништо да ги казнат насилниците, меѓу кои има и политичари. Јасно се истакнува дека физичките напади, незаконското прислушувањето и лошите работни услови на новинарите имаат за цел да поттикнат самоцензура.

Европската комисија не бара да се озаконат владините кампањи, кои служат за вршење притисок врз медиумите, туку бара целосна транспарентост за досега потрошените пари за оваа намена. Во извештајот се инсистира на критериуми за објавување на бесплатните медиумски кампањи, кои се од вистински јавен интерес.

Недвосмислено е потврдена загриженоста на ЗНМ во врска со уредувачката и финансиската независност на Македонската радио телевизија, која се уште не може да обезбеди објективно и точно известување за различни ставови и мислења во јавноста.

Комисијата ги цени заложбите на новинарските организации за медиумски реформи, но заклучува дека нема политичка посветеност за промоција на медиумски плурализам и независност.

ЗНМ ги поддржува повиците на Европската Комисија за инклузивен дијалог со новинарската заедница со цел да се преземат драстични мерки за зајакнување на независноста и плурализмот во медиумите, се вели во соопштението од ЗНМ.

ЗНМ извештај за напредок медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.