Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ осуди случај во кој државен службеник попречува во работа новинар

0
By Mirjana on February 2, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува односот од страна на државен службеник кон новинарот Африм Јонузи од ТВ21 за време на денешната прес конференција во едно скопско основно училиште.

Имено, на вчерашната прес конференција, организирана од страна на Министерот за образование и наука и Градоначалникот на Општина Чаир со Директорот на основното училиште ,,Конгреси и Манастири” во општината Чаир во Скопје, новинарот Африм Јонузи од ТВ21 бил попречен во извршување на своите професионални задачи да сними инсерти од страна на лицето Шеријат Шаќири кој според кажувањата од страна на колегите е вработен како помлад соработник за оперативна поддршка на процесот на стратешко планирање во Министерството за образование и наука.

ЗНМ контактираше со новинарот на ТВ 21 Африм Јонузи и тој телефонски ни изјави: ,,откако заврши прес конференцијата, јас со камерата сакав да снимам инсерти кои ќе ми послужат во правењето на прилогот за вестите и тогаш лицето Шеријат Шаќири ме спречи во мојата работа, ми посочи дека јас не смеам да снимам, кој сум бил јас да снимам, итн…“ изјави Јонузи.

ЗНМ бара од Министерството за образование и наука да покрене дисциплинска постапка против лицето Шаќири и јавно да се огради од постапките кон медиумските работници на својот вработен.

ЗНМ НА РАБОТА НА НОВИНАР ОД СТРАНА НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК осуди Попречување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.