Да се утврди идентитетот на лицата од обезбедувањето или пак на наредбодателот на исфрлањето на новинарите од галеријата во пленарната сала во законодавниот дом на 24 декември, минатата година.
Здружението на новинари на Република Македонија по испратените претставки до претседателот на Собранието на РМ, Секторот за внатрешна контрола и Народниот правобранител, денеска поднесе барање до Уставниот суд за одржување на јавна седница на која предмет на расправа ќе биде настанот кој се случи на 24 декември.