Зоран Јовановски, кандидат за лидер на СДСМ, во изјава за НОВА не детализираше околу неговиот концепт, затоа што, како што кажа, не е формална кандидатурата:
-Моето име не се спомнува случајно. Јас во моментов немам поднесено кандидатура, и до формалното поднесување нема да давам изјава.
Имам поддршка од Гордан Георгиев и Ана Павловска- Данева. Најважно е СДСМ по Конгресот да излезе силен и единствен.
Од мене нема да слушнете лош збор за останатите кандидати за лидер на СДСМ, изјави Јовановски за НОВА.
Како што веќе е објавено, се работи за следниве кандидати: Зоран Заев како лидер и негов заменик Радмила Шеќеринска, Игор Ивановски, Зоран Јовановски и Кире Наумов.