Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зоран Кесиќ: Да се поправиме!

0
By Biljana on June 2, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Зоран Кесиќ

Пред да се изложам на јавна осуда од Здружението на стрејтери, пред да ми се накачат на врат Советот на пуританци и Друштвото на душегрижници, пред да ме распнат таблоидите како „дувач и наркоман“, значи пред јавно, да не може појавно, и гласно, да не може погласно, да кажам – да, секако дека сум за легализација на марихуаната, дозволете ми да прозборам по некој збор и за злоупотребата на оваа прекрасна, корисна и лековита билка, верен следбеник на човекот веќе речиси 5000 години.

Еве: Јовањица.

Во врска со злоупотребата, отприлика тоа би било тоа.

Приказната за „откривањето“ на најголемата илегална плантажа на марихуана во Европа, плантажа која би била прилично невозможна без поддршка од државните, полициските и воените служби, плантажа која е откриена „случајно“, плантажа чие откривање, за чудо, не е проследено со оној вообичаениот „голем успех на српската полиција и на власта на чело со…“, туку напротив, се обидоа да го прикријат, значи, таа приказна воедно е и најдобриот одговор на прашањето – зошто државата не сака да ја легализира марихуаната.

Не е луда таквата „златна кока“ (која притоа воопшто не е кока, туку гане) од своите џебови да им ја препушти на таму некакви закони, таму некакви регулативи, таму некакви контроли и таму некакви даноци.

Оп! Даноци. Момент, само да сроламе уште еден податок.

Холадија, да речеме, има годишен приход од околу 500 милиони евра само од данокот што го плаќаат „кафе шоповите“. Колку плус се заработува од туристите кои во Холандија доаѓаат за да пушат трева (ОК, и за она другото), можеме само да претпоставиме.

Не би лицитирал понатаму со земји во кои вутрата е легализирана, па врз основа на животниот стандард, благосостојбата, здравјето и среќниот поединец од тие државни да извлекувам паралела „а зошто не и ние“, но, ајде да споменеме само една.

Канада.

Па ако играте асоцијации, по понудените: а) безбедност, б) мирна држава, в) можеби дури и малку здодевна, колку таму сите се нормални и кул, г) тетката на Вулин, сигурно би блеснале со точен одговор. Дури и без тетката на Вулин.

И ако сето тоа го знаеме, а го знаеме, останува прашањето: што ѝ е на нашата држава и зошто не размислува логично – зарем не ѝ е во интерес да ја потисне злоупотребата, да ги контролира одгледувањето, увозот и продажбата, да отвори голем број нови работни места, да привлече туристи и, пред сѐ, да заработи?

На државата ѝ е во интерес, но очигледно на државниците не им е.

Дозволувам да се правиме глупави, наивни… или, ајде, само надувани, па демек не гледаме кому и зошто не му одговара легализацијата.

Но, тешко е да се помириш со целосното отсуство на емпатија и со фактот дека марихуаната сѐ уште не е легализирана дури ни за медицински потреби.

Луѓето на кои оваа билка им е лек, луѓето на кои таа им ја олеснува болката, луѓето на кои марихуаната им е повеќе од потребна и тоа често во облик на масло, се претворени во криминалци.

Пациентите стануваат дилери, а болните не се болни, туку веројатно безобразни. Министерот на полицијата, споменатиот Вулин, неодамна во наплив на инспирација храбро најави дека „ќе го апсиме секого, макар и со грам марихуана“.

Министерот тоа може да си го дозволи затоа што очигледно има и помалку од грам. Мозок.

Истиот тој кој ја посетуваше Јовањица, се насмевнуваше пред камерите, окопуваше домати и го фалеше сопственикот на плантажата, и оваа вечер патролира по улиците на нашите градови, ги претресува клинците и апси за едно испресирано хедче од кое ни асолна буксна не би можела да се направи.

Не е спорно дека и министерот и целата негова компанија наскоро, така да се изразам, ќе бидат испушени. Им догорува до картонот.

Но, неврзано за тоа кој е на власт, постојат нешта кои се вредни за борба, а едно од нив е борбата за право на лек на болните.

Рекреативците, како и секогаш, ќе се снајдат, но болен човек не треба да се снаоѓа.

Помошта за болниот мора да се подразбира!

И затоа да ја легализираме марихуаната.

Да ја поправиме Србија!

…

Бонус емотивна приказна: Томин дим

Томин дим е последниот дим од џоинтот, онаа мешавина од минимум трева, главно тутун и веќе картон, која ви ги разгорува белите дробови и после која задолжително се кашла.

Томиниот дим доаѓа по „готов е, нема веќе“.

Значи, чист ентузијазам и носталгија за нешто што веќе поминало (пред малку). Името го добил пред дваесетина години на тогашната телевизија Студио Б, во часовите за одмор на снимателите, монтажерите и новинарите, и тоа по некој Тома кој од 22-риот кат на „Белграѓанката“ умеел најдобро да го фрли картонот (отпушокот) преку прозорците високи неколку метри, така што картонот во елегантен лак, како некаков мал скокач во вис, ја прелетувал стаклената бариера и паѓал од висина од сто метри кон околните улици – Народен фронт, Српските владетели, Ресавска…

Невешт фрлач не би успеал да го џитне картонот толку високо, или би успеал дури по неколку обиди.

Меѓутоа, Тома секогаш успевал од прва, па оттука и секој последен дим бил негов.

Од истото време датира и изреката „оној што нема да се напуши картон, нема вутра да се надува“.

Извор: okruzenje.net

Зоран Кесиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.