Зоран Заев го доби третиот градоначалнички мандат на Струмица во првиот изборен круг.
Според првичните се уште неофицијални информации од општинската изборна комисија, бидејќи рокот за поднесување приговори се уште трае, од вкупно регистрираните 47.424 избирачи, Заев освои 18.999 гласови и го исполни цензусот за победа во првиот круг, а кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Васил Пишев 16.903 гласови.
-Изборите не беа ни фер, ниту чесни, ни демократски. Повалкани, погнасни, поподмолни не можело некој да ги измисли. Но, Струмица знае. Струмица опстои, Струмица победи, со што Струмица и нејзината иднина не се доведени во прашање.
– Струмица продолжува кон уште подобра иднина со која ќе се гордеат сите граѓани на општината, рече Заев по прогласувањето на победата.