Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зоран Заев и официјално лидер на СДСМ

0
By Сашка Цветковска on June 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Досегашниот потпретседател на СДСМ и трикратниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев е избран за лидер на најголемата опоцизиска партија во земјава во првиот круг од тајното гласање на 14-иот Конгрес со 395 гласови. Негови противкандидати беа Зоран Јовановски, кој доби 137 гласови и Кире Наумов, кој доби 15 гласови.

Заев како нов претседател на СДСМ се обрати пред Конгресот:

– Вечерва не победи никој од кандидатите, туку СДСМ. Одржавме лекција по демократија на начинот на кој ги спроведовме изборите. Апелирам на единство, да бидеме нашата стегната тупаница, зашто само така ќе го победиме режимот на Груевски – истакна тој.

Делегатите со френетичен аплауз го поздравија новиот лидер, а освен тоа му ја подарија Ладата на Отпорот на Бранко Црвенковски, досегашниот лидер на СДСМ.

Главен сојузник и десна рака на Заев во водењето на партијата треба да биде кандидатот за премиер на претходните парламентарни избори, Радмила Шеќеринска, која, како и Заев, е искусен инсајдер во СДСМ.

Победата на Заев не е неочекувана со оглед на тоа што тој во периодот пред Конгресот се сметаше за фаворит и сега од овој двоец се очекува да изгради ново единство и програма со која треба да се порази актуелната власт, да се надминат евентуалните поделби и да се допре до гласачите на начин кој ќе биде поискрен и попристапен од актуелните политики на власта.

Заев е роден во 1974 година во Струмица, оженет е и татко е на две деца. Професионалната кариера ја почнува во 1997 година во деловните кругови во својот роден град се до 2003 година кога станува пратеник во Собранието на Република Македонија. Градоначалник на Струмица е од 2005 година, а повторно победи на локалните избори и во 2009 и во 2013 година.

Во однос на партиската кариера, член е на СДСМ од 1996 година и оттогаш активно учествува во сите изборни циклуси. На парламентарните избори во 2006 година е назначен за шеф на Регионалниот изборен штаб за 4-та изборна единица. Во два мандати е избран за член на претседателството на ОО на СДСМ Струмица.

Во 2006 година е избран за потпретседател на СДСМ, а оваа функција ја врши до 2008 година кога е избран за в.д. претседател на Партијата. На IX-тиот Конгрес на партијата повторно е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.