НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Ахмети стана етно-националист, што се промени во „неговата татковина“?

0
By Marija Todorovska on January 13, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За време на 20-годишното владеење на неговата партија, некогаш со СДСМ, некогаш со ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети постојано ја повторуваше фразата дека Албанците треба да стојат покрај Македонците и обратно во сите нивни предизвици во оваа како што нагласуваше, „заедничка држава“. Но, со преминот на неговата партија во опозиција по 20 години поминати на власт, политичкиот речник на Али Ахмети се промени. Тој сега ја гледа државата како „закана“ за колективните права на Албанците.

Дестан Јонузи

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, веднаш по завршувањето на вооружениот конфликт во 2001 година и неговото влегување во политиката, изјави дека тогашна Македонија, сегашната Северна Македонија, е и негова татковина и дека ќе се залага неговата татковина да биде стабилна и просперитетна земја.

За време на 20-годишното владеење на неговата партија, некогаш со СДСМ, некогаш со ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети постојано ја повторуваше фразата дека Албанците треба да стојат покрај Македонците и обратно во сите нивни предизвици во оваа како што нагласуваше, „заедничка држава“. Но, со преминот на неговата партија во опозиција по 20 години поминати на власт, политичкиот речник на Али Ахмети се промени. Тој сега ја гледа државата како „закана“ за колективните права на Албанците.

Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) во изјава за Фронтлајн вели дека секогаш кога се во опозиција, голем дел од партиите во земјава ја засилуваат етно-националистичката реторика, надевајќи се дека тоа ќе им донесе повеќе гласачи на изборите.

Петрит Сарачини
Петрит Сарачини

– За жал, најчесто успеваат во тоа, на штета на граѓаните, без оглед на нивната етничка припадност. ДУИ и Али Ахмети очигледно не се исклучок од ова правило. Но, да потсетиме, кај нив оваа реторика се засилуваше во повеќе наврати и додека беа на власт, особено за време на заедничкото владеење со Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кога и двете владејачки партии ја користеа ваквата реторика и етничките поделби, особено пред изборите, за да ги мобилизираат гласачите. Овој пат, освен ова, причина за засилувањето на етно-националистичката реторика на Али Ахмети и ДУИ е и обидот да се дефокусира вниманието на јавноста од актуелните коруптивни афери и истраги во кои се осомничени високи функционери на оваа партија, вели Сарачини.

Политикологот Благојче Атанасоски смета дека ДУИ од партија која се прокламира за државничка и евроатланска, фактор на стабилност, се престорува во партија која исфрла националистички тези и реторики.

– Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и самата партија ДУИ ја менувале реториката согласно тоа дали биле на власт или опозиција. Од своето формирање до сега биле само две години во опозиција (2006-2008), и од јуни минатата година до сега. Од партија која се прокламира за државничка и евроатланска, фактор на стабилност се престорува во партија која исфрла националистички тези и реторики. Тоа е одлика на очајност во оваа политичка партија, но и национализам како единствено прибежиште на тие што не можат да предложат ништо друго на својот етнички гласачки електорат, изјави Атанасоски за Фронтлајн.

Агрон Демири, член на Извршен одбор на СДСМ повика ДУИ конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните.

Агрон Демири,

– ДУИ мора да разбере дека граѓаните на Република Северна Македонија, независно од нивната етничка припадност, сакаат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи. СДСМ е единствената политичка сила која вистински се залага за соживот и почитување на правата на сите етнички заедници. Кога ДУИ ја обвинува СДСМ за албанофобија заборава намерно дека во Извршниот одбор на СДСМ има членови Албанци, исто така имаме Албанци и во пратеничката група на СДСМ а значителен број Албанци гласаат за нашата партија. Затоа што препознаваат искреност и посветеност кон доброто на сите граѓаните но и кон добрите меѓуетнички односи, вели Демири.

Тој рече дека со своите неодговорни политики, ДУИ му овозможува на ВМРО-ДПМНЕ дополнително да ја дестабилизира ситуацијата и да профитира политички.

По минатогодишните парламентарни избори, кога ДУИ премина во опозиција, иако имаше неколку пратеници повеќе од тогашната опозициска коалиција, сега на власт, ВАЛЕН – го оспорува нивното учество во Владата, нарекувајќи ги нелегитимни.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Ахмети Благојче Атанасоски ДУИ Петрит Сарачини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.