Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто е тајна професионалната биографија на директорот на МАЛМЕД

1
By Менче Атанасова Точи on May 22, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 22, 2018 12:01

Владата ја крие професионалната биографија на директорот на Агенцијата за лекови, Роберт Бекироски. Од таму сметаат дека тоа е личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци и дека „со објавувањето, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата“.

Ова е дел од одговорот на официјално Барање за слободен пристап на информации кое НОВА го испрати до Владата, а беше одбиено од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Во недостиг на официјални и јавно достапни податоци, НОВА побара од Владата одговор на кој Факултет и кога дипломирал Бекироски, каква после-дипломаска едукација има и кога ја завршил, дали специјализирал и кога,  дали е  магистер по фармација, (звање со кое се стекнува со 300 ЕКСТ на Факултетот по фармација со 5 години студии )  или има магистериум, дали докторирал и кога.

Еве дел од образложението на Владата зошто сметаат дека  бараната информација е личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци.

„ Со оглед дека побараната информација претставува личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци,  генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија одлучи како во диспозитивот на ова Решение и постапи согласно член 26 став (1) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој гласи : „Имателот на информацијата може во целост или делумно да ro одбие барањето, ако утврди дека бараната информација е информација од член 6 став (1), од овој закон (информација која врз основа на закон претставува личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци)“, стои во одговорот од Владата.

Ова е првпат  CV на еден  директор да биде личен податок и нешто што не треба да го знае јавноста.

Бекироски раководи со една многу значајна институција во здравството, која е регулаторно тело на Владата и неговата професионална биографија не само што не треба да биде тајна , туку треба транспарентно да се објави.

По ова, НОВА поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации. .

Еден месец по поднесување на Жалбата, одговор од Комисијата се уште нема. Образложението е дека комисијата воопшто не се состанала бидејќи претседателот Ѓорѓи Сламков си дал оставка. Во телефонски разговор, на наше барање од таму не информираа дека допрва ќе се распишува оглас за нов претседател, по кој следува период на жалби, што значи дека најмалку уште еден месец оваа комисија нема да профункционира.

НОВА цели три месеци се обидува да дознае кои се стручните квалификации и степенот на образование на Бекироски кој на 28 години стана директор на една од најважните институции во здравството.

Се започна на 28 февруари годинава кога Бекироски, кој од август минатата година ја извршуваше функцијата в.д директор,  беше назначен за прв човек на Агенцијата за лекови. Владината одлука воопшто не беше јавно соопштена на редовната прес конференција.

НОВА се заинтересира за случајот по објавување на Огласот за избор на директор, кој набргу беше коригиран, по реакција на некои фарамацевтски компании, бидејќи не бил во согласност со условите кои ги пропишува Законот за лекови. Во првиот оглас, се бараат само 240 ЕКСТ што на Фармација ги нема и воопшто не се бара специјализација или докторат. Подоцна, во огласот беа внесени овие критериуми.

Првиот оглас за именување на директор на МАЛМЕД

По ова следуваа неколку  преписки и прашања до службата за односи со јавност во Владата, од каде секогаш одговараа дека Бекироски ги исполнува законските услови за местото директор на Агенција за лекови(МАЛМЕД). Во последниот одговор, пред да биде одбиено Барањето за слободен пристап до информаци, се вели:

„Согласно поднесената документација, именуваниот ги исполнува условите за именување предвидени во  Законот за лековите и медицинските помагала. Именуваниот, магистрирал на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнал со стручен назив – магистер по фармација на ден 06.07.2012 година, со вкупно 300 ЕКТС кредити“, се вели во одговорот од службата за односи со јавност во Владата. Се обративме и лично до директорот Роберт Бекироски со прашање дали има дополнителна едукација и дали смета дека ги исполнува законските услови.

„Сите одговори ги има органот кој го распишува конкурсот, а тоа е Владат на Р. Македонија“, кратко одговори Бекироски.

Член од законот каде се гледа кои услови треба да ги исполнува директорот

Извори за НОВА од Фрамацевсткиот факултет велат дека Бекирски не ги исполнува условите од Огласот и Законот за лекови. Тој завршил дипломска студиска програма Магистар по фармација со 300 ЕКСТ со пет години студии, кое е најниско скалило на едукација и нема после дипломска едукација  што е законски услов за ова работно место. Неофицијално, нашите извори тврдат дека специјализација запишал во август минатата година кога беше избран за в.д директор и се уште ја нема завршено.

Дополнително, во меѓувреме група пратеници од СДСМ дадоа предлог во Собранието, да се внесат измени во законот (за четири институции меѓу кои и Агенцијата за лекови), каде меѓудругото,  директорот е должен до 1 септември 2018 година, односно најдоцна една година по неговото именување да го исполни условот за познавање на англиски јазик со положен нов тест АПТИС кој се полага на Филолошкиот факултет, во спротивно ќе му престане мандатот. По ова се наметнува прашањето дали директорот на МАЛМЕД има познавање од англискиот јазик кој е исто така еден од критеримите во законот.

Нема јавно достапни податоци за професионалната биографија на Роберт Бекироски. И на веб страната на Агенцијата за лекови( МАЛМЕД) нема податоци за CV на човекот кој менаџира со институцијата која што е одговорна за квалитетот и безбедноста на лековите во државата. Има само Порака од директорот под која пишува „ Со почит М-р фарм. Роберт Бекироски“.

И тоа е единственото нешто за Бекироски, како и податокот од сајтот на СДСМ од каде се гледа дека е член на Извршниот одбор на партијата.

На веб страната на Фармацевски факултет стои дека магистер по фармација е дипломски студии

Зошто Владата не сака да ги објави биографските податоците за Бекироски, можеме само да погодуваме. Во недостиг на официјални податоци, се останува во доменот на шпекулации. Исто како и прашањето, што се случи со транспарентноста, како едно од главните начела, што на почеток ја најавуваше оваа Влада.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.