Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Макрон го одложи именувањето на новата француска влада

0
By Светлана Јовановска on May 16, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Франција и ЕУ со нетрпение очекуваат да го дознаат составот на новата влада откако вчера претседателот Емануел Макрон го именуваше за премиер Едуард Филип. Беше најавено дека тоа ќе се случи денес но во последен момент дојде соопштение од Елизејската палата дека објавувањето се одложува за утре попладне.

Макрон и Филип, како што вели соооштението од Елизејската палата, заедно одлучиле уште еднаш да ја проверат имотната и даночна состојба на идните министри пред нивните имиња да бидат објавени.

Едно од главните ветувања на Макрон, за време на изборната кампања, беше дека ќе предложи “закон за морален  јавен живот”.

Над 75 отсто од Французите сметаат дека политичарите се корумпирани.  За Макрон на ова треба да му се стави крај. Според него, чесноста треба да биде столбот на неговата идна влада но и на целиот парламент и локална администрација.

Помеѓу главните мерки на овој иден закон на пратениците ќе им се забрани да вработуваат членови на семејството како парламентарни асистенти, оданочување на сите приходи на пратениците, по три мандати пратениците нема да можат повеќе да се кандидираат а ќе исчезне и специјалниот режим на пензии за пратениците. Конечно, кандидатите на избори мораат да имаат чисто судско досие без ниту една дамка.

Во очекување на новата влада, се повеќе се шепоти дека новиот министер за надворешни работи ќе биде Франсоа Бајру. Името на Бајру сигурно не и познато на македонската јавност но тој во Франција е познат политичар.

Бајру има 56 години и е претседател на центар-десната партија Модем и човек кој одлучи да го поддржи Макрон во освојувањето на Елизејската палата. Бајру и самиот бил кандидат за претседател но никогаш не успеал да освои повеќе од 10 отсто гласови. Во Франција Бајру важи за чесен политичар. Бил европски пратеник и три пати министер за образование во 90те години.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.