Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто се опасни ПМ 10 чeстичките?

20
By Нова ТВ on December 28, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

фото:Скопје Смог Аларм

Концентрацијата на опасните ПМ10 честички присутни во воздухот не се намалува. Граничните вредности кои се најстрогите правила во законодавството на Европската Унија за нивоата на загадување на воздухот дефинираат дека дневната граница на присутност на ПМ 10 честичките не смее да биде поголема од 40 микрограми на метар кубен. Овие честички се сметаат за опасни поради нивните милимикронски димензии и формата на мало ноженце со која при вдишувањето, тие навлегуваат длабоко во дишните патишта, а оставаат фатални последици по здравјето на човекот.

Но, во Македонија речиси стана секојдневие во дел од градовите ваквите честички и до десетпати да ја надминуваат границата.

Во 16 часот денеска концентрациите на ПМ 10 честички во воздухот во центарот на Скопје изнесува 254, Карпош 200, Гази Баба 190, Миладиновци 143, Лисиче 250, Ректорат 84, Тетово 368, Велес 193, Кичево 204…

Ако овие супстанци се намалат за пет микрограми на кубен метар воздух, ќе се избегнат тринаесет смртни случаи годишно, а ако намалувањето изнесува 20 мг/м3, би се спасиле 117 животи.

Неврологот Арбен Таравари за НОВА вели дека присуството на овие честички на подолг период би значело катастрофа.

Според него, доколку пречекорување на границите се прави на подолг период, прва на мета е осетливата популација, додека пак, долгорочно од овие честички настануваат здравствени компликации кои се фатални за сите.

-Ако повеќе од 30 дена се соочуваме со пречекорување на бројката од 50, тогаш имаме сериозен проблем, а пречекорување имате редовно во повеќе градови во земјава вели Таравари.

Од министерството за животна средина досега појаснуваа дека граѓаните не треба да ги вознемируваат моменталните податоци, бидејќи во текот на денот бројката варира. Според нив, досега немало во континуитет пречекорување на нормите, за да се преземат итни чекори. Сепак, по алармантните податоци од мерните станици, но и асилени гражански протести, од министерството минатата недела излегоја со предлог-мерки за тоа како да се „евакуира“ населението.

Како што информираше министерот Нурхан Изаири, во соработка со Министерството за здравство треба да се воведе мерка на сите работодавци во градот Скопје и општина Тетово да се ослободат од работни обврски хронично болните, бремените жени и лицата постари од 60 години.

Изаири ќе побара и да се зголеми фреквенцијата на автобуси и да се намали цената на билетот, што тој смета дека би било стимул за користење на градскиот превоз. Тој дополни дека меѓу другите мерки ќе предложи да се сопрат градежните активности и да се ослободат работниците кои работат на отворено.

Во рамките на министерството се предлага град Скопје и општина Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата.

Министерот најави дека во рамките на Комитетот за заштита на животна средина, вечерва дополнително ќе се разговара за воведување на мерката пар – не пар за автомобилите. Исто така тој бараше Владата да дозволи распустот на учениците да започне од денеска.

Сепак и покрај ова Владата информира дека на вонредна седница вчера донела повеќе заклучоци и препораки. Владата усвои заклучок со кој се препорачува на сите работодавци во Скопје и Тетово, да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60 годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест до 4 јануари, потоа, Град Скопје и општина Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата.

Државниот инспекторат за животна средина е задолжен до 4 јануари 2016 година да врши секојдневна вонредна контрола во инсталациите кои подлежат на А интегрирана еколошка дозвола и секој ден да доставува извештај до Министерот за животна средина и просторно планирање и до Министерот за здравство.

Владата им препорачува на град Скопје и другите општини, преку овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори, до 4 јануари 2016 година да вршат еднаш неделно контрола на инсталациите кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола само во делот на емисии во воздухот и имисии.

Активистите велат дека проблемот не смее да се релативизира, а како што велат тие во отсуство на институционална свест, тие самите ќе предложат сет мерки до Владата како на краткорочен и долгоречен период за тоа како да се намали загадувањето во сите градови.

– Едниот сет на мерки се однесува на сообраќајот и под тоа подразбираме сопирање на возила особено во централното градско подрачје. Забарана за возила кои посетуваат стандард под Еуро 4 и исклучување од сообраќајот на дизел возилата. Бараме координација меѓу градските општини во координација со МВР да го извршат тоа сопирање на сообраќајот. Во однос на индустријата предлагаме стопирање на индустриските процеси, не засекогаш, но дефинитивно кога има алармантна состојба, стопирањето на вакви индустриски процеси треба да се случи, тоа е пракса што се случува во голем број држави. Кога постои алармантна состојба на загадувањето, бараме општинските инспектори да истапат на терен со контроли и врз основа на тие контроли да побараат стопирање на градежниот процес, рече Александра Бујаровска од невладината „Фронт 21/42“.

Активистите предлагаат и долгорочни мерки, а велат дека потребно е да се посвети внимание и на енергетската ефикасност, зелените површини итн.

-Лошата вест е што пред некое време светската здравствена организација излезе со заклучок дека воздухот што го дишеме е канцероген. Загадениот воздух е еквивалентен на тоа како да дишеме 5 до 6 цигари дневно или преку 2 500 цигари годишно. Тоа се шокантни статистики, шокантни бројки, ние како еко-активисти сме револтирани ги повикуваме граѓаните, мајките, татковците, бабите, дедовците, ги повикуваме сите да дојдат тука во понеделник во 17 часот, да го кренеме нашиот глас, да испратиме порака до надлежните да бидат сериозни, сериозно да го сфатат проблемот, а не да го релативизираат, рече Игор Новевски од граѓанска иницијатива „Скопје Смог Аларм“.

За вечерва во 17 часот, повеќе од 20 граѓански иницијативи и здруженија координирано се организираат за протест против алармантното загадување на воздухот.

Извештајот на Светска банка минатата година ја става Македонија на петто место според годишните смртни случаи предизвикани токму од загаден воздух, а ПМ честичките се посочени како најзначајни загадувачи кои се поврзуваат со долгорочни респираторни заболувања и смрт.

Скопје годинава е на трето место во Европа со многу висок индекс на загаденост и според податоците на веб-страницата „Нумбео“ , која собира податоци за загадување во градовите во различни категории.

Главниот град на Македонија, со индекс на загаденост од 81,23 е на трето место на листата на најзагадени европски градови. Најзагаден град во Европа според овие статистики е италијанскиот град Неапол, додека Киев е на второ место.

Од регионот, во првите пет на листата на загаденост е Тирана, која е на четвртото место, веднаш по Скопје.

За проблемот околу загадувањето на воздухот, Светска банка со години алармира. Извештајот за Зелен раст на Република Македонија за 2014-та, кој го објави банката, покажа дека загадениот воздух во земјава годишно убива по 1. 350 луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.