Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто задоцни помошта во лекувањето на малата Ева

0
By Соња Петрушевска on August 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Единаестгодишното девојче Ева Крстановска кое боледуваше од лимфобластик леукемија и почина вчера, замина засекогаш без да ја добие шансата да се лекува во странство.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев денеска кажа дека Фондот за здравствено осигурување одобрил да ги покрие трошоците за лекувањето на 11 годишното девојче Ева во странство, два дена откако до Фондот било доставено барањето од родителите на девојчето.

Ден Дончев

Кога пациентот е во животно загрозувачка состојба, како што беше малата Ева, Фондот има обврска да одговори на барањето за лекување во странство, во најкраток можен рок, односно во рок од 48 часа. Барањето било испратено до Фондот на 25 јуни, а два дена подоцна на 27 јуни лекарската комисија на Фондот за здравство одлучила детето да се испрати на лекување во болницата Gaziosman Pasa во Истанбул, Турција. Лекувањето требало да трае 150 дена, а вкупниот износ за хемотерапијата и за алогена трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител бил 145.000 евра, со придружник за време на лекувањето. Со ова Решение било одобрено патување со санитетски авион при заминување на лекувањето за кое трошоците требало да биде предмет на посебна постапка.

Дончев вели дека до нив стигнале понуди за лекување од три болници – две од Турција и една од Италија.

„Цената не беше пресудна во изборот на болницата“, кажа Дончев и додаде дека избраната турска болница не понудила  најниска цена.

На  барање на родителите на девојчето лекувањето да се изврши во болницата Грисем во Германија, Дончев кажа дека контактирале со болницата и со докторот кој им го посочиле родителите, но од таму не добиле одговор.

„Демантираме дека трошоците за лекување во Германија биле 200 000 евра, зашто одговор од болницата не добивме“, кажа Дончев.

Родителите на девојчето поднеле жалба за одлуката на комисијата од Фондот за лекувањето во Турција, но второстепенета комисија на 12 јули ја одбива нивната жалба .

Изминатиот месец, беа организирани повеќе хуманитарни настани во Струга и во Охрид на кои се донираа пари за девојчето да замине на лекување во Германија, каде семејството сметало дека шансите за успех на лекувањето се поголеми.

Фото:Независен

Дончев неколкупати на прес конференцијата потенцираше дека состојбата на малечката Ева била итна и животнозагрозувчака, но не сакаше јасно да одговори дали се доцни со процедурите за испраќање на пациентите за  лекување во странство. Посебно кога се работи за пациенти заболени од леукемија и кога се знае дека во Македонија не се врши трансплантација на коскена срцевина.

Предлогот за лекување во странство на девојчето Ева, стручниот конзилиум на Клиниката за детски болести, го донело на 21 јуни, кога состојбата на девојчето била влошена.

Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека стручните конзилиуми на клиниките ги упатуваат пациентите на лекување во странство кога се „исцрпени ресурсите и можностите за лекување во Македонија“.

„На никој не му било скратено правото да се лекува во странство ако бил соодветно упатен. Финансиски средства има секогаш и ќе се обезбедат во секоја ситуација кога пациентите се соодветно упатени од клиниките кои кажале дека кај нив не можат да се лекуваат “ рече Филипче. Филипче вели дека Министерството било насочено кон „јакнење на капацитетот на јавното здравтсво за да се намали бројот на пациенти што се упатуваат во странство.

За дополнителниот фонд за обезбедување средства за лекови за ретки болести кое беше ветување на Владата на Заев, миниситерот Филипче кажа дека било разговарано со раководството на Стопанската комора, и на него се работи. Направени се, рече, анализите, а тимови од правници работат на тоа какво би било тоа тело, под чии ингеренции, кој ќе членува во него, кој ќе го води и со колкава сума на средства.

Малата Ева една година се бореше со многу редок вид на леукемија.

Дончев почина Ева Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.