Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗПММ бара времен мораториум на работењето на ЗАМП и ММИ

0
By Нова ТВ on January 29, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Привремен мораториум на работата на Здружението за заштита на музички авторски права (ЗАМП) и на новото Здружение за заштита на авторските права (ММИ), додека да заврши истрагата за нивното финансиско работење.

Ова е барањето на Здружението на приватните електронски медиуми (ЗПММ) поднесено до Министерството за култура.

ЗПММ има поднесено и преставка до Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и до Обвинителството да се преиспита целосното финансиско работење, отчетноста и транспарентноста на двете здруженија.

– Иницијативата е покрената во врска со последните настани поврзани со регулирањето на авторските права во Република Македонија и реакциите на јавноста за транспарентноста на работењето, а особено на распределбата на средствата од страна на ЗАМП и ММИ, соопштуваат од ЗПММ.

Во знак на протест од случувањата со наплатата на авторските права членките на ЗПММ минатата недела почнаа да емитуваат унифицирани радио и ТВ-пораки до гледачите и до слушателите на секоја македонска песна што се емитуваше на нивната програма.

Во втората фаза од протестот на ЗПММ, во петок и сабота е предвиден прекин на програмата во траење од 5 минути. Членките на Здружението, според соопштението, се согласиле и да пристапат кон трет чекор во протестот со целосен прекин на емитување македонска музика.

ЗПММ е на ставот дека е потребна нова законска регулатива во областа и нагласуваат дека не се против плаќање на авторските права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

ВЕСТИ October 16, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека неговиот разговор со…

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.