Најголемиот донатор за 2013 година во Америка е основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг. Воедно целосната донирана сума вкупно изнесува 7.7 милијарди долари, што е за 4 отсто повеќе од 2012.
Зукерберг и неговата сопруга донирале речиси 1 милијарда, односно 18 милиони акции до фондацијата „Силиконска долина“. Инаку тој и неговата сопруга воедно се и најмлaдите дарители на листата.
Вториот најголем придонес е 750 милиони долари наследство од милијардерот Џорџ Мичел, кој почина во јули минатата година на возраст од 94 години.
Неговите средства ќе им бидат на располагање на „Синтија и Џорџ Мичел Фондација“, која обезбедува грантови за чиста енергија, природен гас и други проекти поврзани со животната средина. Една од целите на фондацијата е да спречи уништување на животната средина од технологијата која самиот Мичел ја креирал.
Ко-основачот на Најк, Фил Најт, донирал 500 милиони долари за детектирање на рак, додека поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг донирал 452 милиони долари на различни непрофитни организации поврзани со културата, образованието и животната средина.
Во меѓувреме, големите Бил и Мелинда Гејтс, како и Ворен Бафет ги нема на Топ 50 листата поради нови финансиски услови со кои се креира листата. Сепак тие тројца важат за први поттикнувачи помеѓу милијардерите за развивање на филантропијата.
Најголемиот дел од донациите доаѓаат од Калифорнија (2.8 милијарди долари) и Њујорк (1.6 милијарди долари), додека другите од Тексас, Орегон и Вашингтон.
Колеџите и универзитетите се најголемите добитници, добивајќи 2.6 милијарди, или 1/3 од вкупната бројка, и фондациите со 2.1 милијарди долари.
Помеѓу останатите добитници има болници, медицински центри, музеи и така натаму.