Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска води постапка против директорката на Хематологија

2
By Нова ТВ on February 19, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 19, 2018 16:04

Во Антикорупциската комисија е поднесена Претставка за директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис, во која се вели дека таа ја фаворизира веледрогеријата на својот татко  „Д-р Пановски“, дознава НОВА. Во Претставката стои дека таа ја  злоупотребува својата позиција на директор бидејќи еден од главните добавувачи на лекови, медицински средства и опрема на хематологија е веледрогеријата „Др. Пановски“, чиј сопственик е нејзиниот татко. Од Антикорупциска комисија за НОВА потврдија дека веќе е оформен предмет за овој случај.

„Да, пристигната е Претставката. Оформен е предмет  и постапката за прибирање на релевантна документација во врска со наводите е во тек“изјави з а НОВА, Игор Тантуровски претседател на Комисијата за спречување на корупција.

Како што дознаваме Претставката е поднесена од набавувач на лекови, веледрогеријата Промедика од каде што сметаат дека директорката врши злоупотреба на својата позиција  со тоа што директно ги наметнува продажните цени на лековите и врши ограничување на пазарот на лекови конкретно за употребата на клиниката со што ги оштетува пациентите.

„Се претпоставува дека на Клиниката за хематологија веледрогеријата Пановски има над 40 проценти учество во потрошувачката на лекови , медицински средства и опрема што е во спротивно на став 2 од членот 10 од Законот за заштита на конкуренцијата. Ако се земе во предвид фактот дека на оваа клиника се лечат болни со многу тешка и хронична дијагноза, се поставува прашање која е висината на цената на лекот, како и сомнителноста на квалитетот.

Од друга страна, веледрогеријата „Д-р Пановски,“ помогната од директорката на Клиниката, спротивно на членот 11 од Законот за заштита на конкуренцијата врши злоупотреба на доминантната позиција на пазарот со тоа што директно ги наметнува продажните цени од сомнителниот паралелен увоз на лекови, врши ограничување на пазарот на лекови конкретно за употребата на клиниката, на штета на пациентите“, се вели во Претставката испратена до Комисијата за спречување на корупција до која дојде НОВА.

Писмо со иста содржина е испратено и до премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче каде што ги известуваат за злоупотреба на позицијата на актуелната директорка.

„ Со оваа постапка директорката на Клиниката за хематологија го загорозува јавниот интерес, што е спротивно на Законот за спречување на судир на интереси. Фаворизирање на набавките од веледрогеријата „Др.Пановски“ за сметка на останатите економски оператори е веќе воспоставена пракса на клиниката, поткрепена со сите елиминаторни елементи за останатите економски оператори, а се однесува на сите лекови, медицински средства и опрема чиј добавувач е веледрогеријата„ Д-р. Пановски„.

Спецификациите за новите јавни набавки се креирани според можностите за набавка на нејзиниот татко. Ова укажува на фактот дека се постапува спротивно на начелото на работење во кое Законот за спречување на судир на интереси предвидува дека Службеното лице во извршувањето на јавните овластувања и должности е должно да ги почитува начелата на законитост, еднаквост, ефикасност, доверба, независност, јавност, непристрасност, чесност и професионалност и да постапува совесно, стручно, без дискриминација или повластување на кој било со целосно почитување на човековите права и слободи и човечкото достоинство, без никаков приватен интерес“, се вели во писмото.

Во исто време лекари од Клиниката за хематологија кои ги контактораше НОВА за да ги провериме наводите од писмото,  велат дека на стручен колегиум  директорката им соопштила дека ќе мора да ги менуваат лековите на пациентите односно, од таблетарна да ги стават на венска терапија.  Ова го објаснила со разликата во цената на лековите кои се наводно поевтини ако се даваат во вена.

„ На стручен колегиум усно ни беше соопштено пациентите да ги ставиме на венска терапија иако лекот е подобар и побезбеден кога се дава со таблетите. Со примање по венски пат болните се задржуваат со часови во болница, а и ефектот не е како со примена на таблетите. Тоа значи дека економските ефекти се полоши бидејќи потоа се троши на болнички денови. Но, образложението од директорката беше дека треба да се штеди. Се ова не е во интерес на пациентите“, велат за НОВА лекари од Клиниката за хематологија.

Тие потенцираат дека им било наложувано да ги враќаат пациентите, им ги шкртала рецептите со еден лек за да се вратат и земат од друг лек од палетата на веледрогеријата на татко и.

Во писмото упатено и до премиерот и до министерот за здравство  се вели дека одговорностите на сите директори на Јавни Здравствени установи во делот на јавните набавки, па и на др. Ирина Пановска Ставридис, започнува со планирање на потребите на клиниката (вид и количина на лекови, медицински средства и опрема), планирање на буџетските средства кои ќе бидат искористени за таа намена, објавување на тендери за јавна набавка, назначување на членови на Комисија за јавни набавка на клиниката, одобрување на нарачката по вид и количина, одобрување на плаќање на доспеаните фактури како и спроведување на одлуки.

Доколку се погледнат сите одговорности на работното место може да се види дека блиската семејна поврзаност на ќерка на работна позиција директор на клиника и татко на позиција сопственик и директор на правно лице, веледрогерија како добавувач на истата клиника овозможува коруптивни активности.

“Иако како и сите директори и директорката на Клиниката за хематологија потпишала изјава за непостоење на судир на интереси, таа ги планира потребите за лекови и медицински потрошен материјал, обезбедува буџет за нив, обезбедува техничка спецификација за нив, назначува членови на Комисија за јавни набавки на клиниката, ги одобрува нарачките и нивно плаќање. Во сите горенаведени постапки има потенцијален ризик за криминал и остава сомнеж за можна корупција.

Исто така, не може во вршењето на својата функција да воспоставува деловни односи со правно лице што го основал член на неговото семејство, а доколку веќе воспоставил односи должен е да се изземе од какво било одлучување и за тоа да ја извести Државната комисија“, се вели во Претставката до Антикорупциска комисија.

НОВА ја побара директорката Ирина Пановска Ставридис, но таа рече дека е на Управен одбор и да ја бараме за еден час. Но, подоцна директорката не одговараше на повиците на нејзиниот мобилен телефон.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.