Авион со приватен комерцијален лет исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром, потврдуваат од МВР за НОВА.
НОВА дознава дека станува збор за авион кој стартувал од Тревизо, Италија а на скопскиот аеродром бил уредно најавен дека ќе слета за да наполни гориво.
Но во 17 и 40 часот, се губи од радарот на контролната кула на аеродромот „Александар Велики“.
Се работи за приватен италијански авион од марката „Пајпер“, со германски регистарски таблички со капацитет од шест патници.
Екипите на МВР се на терен и го бараат авионот.