Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бонева паралелно и возела и гласала во Собрание

0
By Нова ТВ on December 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 19, 2017 14:11

Поранешната пратеничка во Собранието, Силвана Бонева, е осомничена за злоупотреба на службената положба и незаконско прибавување на 100.000 евра на име патарини. Според истрагата на Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Друмарина“, Бонева од 25 јуни 2011 година до 16 декември 2015 до собраниските служби поднесувала лажни фискални сметки за патарини.

Според доказите, Бонева имала сместување во Скопје, а за тој период доставила сметки за патарини за вкупно 843 патувања со сопствено возило.

НОВА ТВ дознава дека Бонева доставувала фискални сметки од патарина дека, на пример патувала во 17 часот попладне, а истиот ден била се уште во Собранието и гласала во 19 часот. Сметките најчесто ги добивала од таксисти кои сообраќале на релација Струмица-Скопје и обратно.

Исто така, според информациите на НОВА ТВ, СЈО направило увид и во броилата за струја во домовите на поранешната пратеничка во Струмица и во Скопје и според нив таа поголем дел од времето го минувала во Скопје, што е уште еден доказ дека дел од километражата која ја прикажала била фиктивна.

„Извршената анализа покажува дека ако патувањата би биле реално направени, осомничената би направила 235.928 км, но според доказите таа поминала 133.520 километри“, рече Фетаи.

Според истрагата Бонева, која е рекордер во наплатен надомест за службени патувања, на овој начин го оштетила буџетот за 5 973.802 денари или 100.000 евра.

Како адреса на живеење на Бонева се води Струмица, иако во Скопје  на име на синовите има два стана. Таа 15 години работи во главниот град, од 2002 до 2015 како пратеник, а до пред неколку дена беше член на Државната изборна комисија и за целиот период на име на патарини инкасираше илјадници евра. Годишно според километражата таа добивала по 23.000 евра.

Во анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија, Бонева нема сопствен недвижен имот. Пријавила имот на родители: Куќа со двор во Струмица од 4.880.000 денари и деловен простор во вредност од 610.000 денари.

Бонева вози Опел Астра, има две девизни книшки – едната од 1.300 евра и другата од 1.700 долари, а има и кредит од 10.000 евра.

 

Друмарина истрага патарини Силвана Бонева СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.