Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донирале за ВМРО уште пред да почне кампањата

0
By Сашка Цветковска on March 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Учителки, студенти, претседатели на месни заедници, административци, директори на локални подружници на државните институции, автомеханичари, но и невработени членови на младината на партијата се дел од луѓето кои дале донации од по илјада евра како физички лица во кампањата на коалацијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Имињата на донаторите се објавени во привремениот извештај за финансирање на кампањата кој партиите имаат обврска да го достават до Државната изборна комисија.

Нова ги истражуваше имињата на списоците со донатори со цел да дознаеме повеќе за мотивите за донирање на овие луѓе, нивните примања и начинот на кој ги уплатиле парите. Исто како и на претходните парламентарни избори, сите донатори парите ги уплаќале во исти денови, односно половината донирале на 5 Март, а другата половина на 8 Март. Некои од луѓето со кои Нова се обиде да разговара, а кои можете да ги слушнете во видеото погоре, потврдија дека донирале за партијата, додека некои избегнаа да разговараат на темата.

Некои не можеа да се сетат кога точно донирале, а еден од нив тврди дека во банка донирал илјада евра пред месец и половина до два месеца, а во тој период изборната кампања не беше ниту започната, ниту пак банкарските сметки беа отворени. Според извештајот на ДПМНЕ тој донирал на 8 месецов.

Донирав, да. Јас сум знаете вработен, функционер, па затоа донирав. –Како дониравте? Во банка, се разбира. Кога дониравте? – Па не знам точно, ама има месец и половина до два, вели еден од донаторите со кого разговорот можете да го видеото.

На списоците недостигаат звучните имиња на високите партиски функционери. Еве некои од луѓето кои Нова ги провери, а кои дале по илјада евра од своите примања за партијата.

Засега ова се првичните извештаи кои партиите ги доставуваат до ДИК. Досега донирале околу сто физички лица за ВМРО ДПМНЕ, претежно од Кичево и Кисела вода. Простор за донации има уште, а од иксуствата од претходните избори, обично донаторските списоци бројат и по повеќе од петстотини лица.

Донации од фирми во моментов нема, а немаше ниту на претходните избори. Профилот на донатори на партијата беше сличен како и досега –административци, учителки, редари, но и многу земјоделци, најчесто лица кои добиле субвенции од државата.

А реакциите на донаторите во претходнтие циклуси кои или не знаеја дека се донатори или не знаеја колку пари донирале и на каков начин, никогаш не го добија заслуженото внимание од институциите кои треба да го истражуваат финансирањето на кампањи и партии.

Собрале 49 илјади евра, а потрошиле 730 000 – ДПМНЕ пак во минус

Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ под услов да не прави повеќе трошоци, би требало да обезбеди уште 680 000 евра донации за да може да го покрие минусот кој го пријави. Според првичните привремени извештаи, од донациите успеале да соберат речиси 49 илјади евра, а потрошиле дури 730 000 евра.

На минатите парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ пријави минус од околу 3 милиони евра. Ниту една институција не се зафати да го истражи спорниот минус кој многумина експерти го оценија за незаконски, иако неправилностите ги констатираше и државниот ревизор.

Во продолжение на Нова ќе следат анализи и на привремените извештаји на другите партиски субјекти – учесници во изборната кампања

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руски астронаут отстранет од мисијата на „Спејс икс“ поради сомнение за шпионажа

December 3, 2025

Син на украински политичар е жив запален во Виена, момчето имало само 21 година

December 2, 2025

Вонреден говор на Вучиќ: Немаме добри вести, Русите не сакаат да продаваат

December 2, 2025

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан

November 30, 2025

Швајцарија: Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите

November 30, 2025
ФОКУС

Ушаков: Разговорот меѓу Путин и Виткоф беше корисен, конструктивен и значаен

ВЕСТИ December 3, 2025

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, беше корисен,…

Уставната судијка Дабовиќ-Атанасовска се повлече, вели дека оставката е од лични и семејни причини

December 2, 2025

Уапсена бившата шефица на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, обвинета е за финансиска измама

December 2, 2025

САД не гледаат потреба Рубио да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО

December 2, 2025
ТИКЕР

Руски астронаут отстранет од мисијата на „Спејс икс“ поради сомнение за шпионажа

December 3, 2025

Син на украински политичар е жив запален во Виена, момчето имало само 21 година

December 2, 2025

Вонреден говор на Вучиќ: Немаме добри вести, Русите не сакаат да продаваат

December 2, 2025

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан

November 30, 2025

Швајцарија: Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите

November 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.