Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДВ: Зошто не успеа пучот во Турција

2
By Нова ТВ on July 19, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 19, 2016 09:20

Обидот за воен удар кој ја потресе Турција во петокот беше многу поблиску до успех, отколку што многумина претпоставуваат. Дописникот на Дојче веле во Истанбул Том Стивенсон ги анализира причините за неуспехот.

Сѐ до нападот на турските војници во Анкара и Истанбул на 15 јули, многумина веруваа дека деновите на воени удари на турската армија се одамна минати.

Минаа речиси 20 години од последниот успешен воен удар во Турција во 1997 година, а дури и опозицијата го фалеше претседателот Реџеп Таип Ердоган што конечно ја ставил турската армија под цивилна контрола.

Пучот ги изненади и турските граѓани и набљудувачите со својата брзина и крвава егзекуција. Но, веќе утрото следниот ден сѐ беше готово и владата преживеа. Речиси 8.000 луѓе оттогаш беа уапсени.

Низ светот се проширија безброј теории за „лажен пуч“, или театар организиран од самиот Ердоган за да си ја зацврсти моќта. На социјалните мрежи во Турција меѓу најпопуларните е хаштагот #darbedegiltiyatro- во превод „не е пуч туку театар“.

Сепак, доказите упатуваат дека не се работи за лажен удар. Далеку од тоа дека беше неподготвена, стратегијата на пучот беше солидна и сеопфатна а егзекуцијата- иако на крајот се покажа неуспешна- не беше несмасна.

Како и повеќето пучеви, и овој беше на самата граница на успех. Заговорниците удрија брзо, со целосно изненадување, и доколку неколку битки отидеа во нивна корист, наместо против нив, можеа и да успеат да ја преземат власта. Пучистите беа бројни и успешно го инфилтрираа воениот естаблишмент до завидно ниво. Пучот беше предводен од тројца од четворицата најискусни генерали со 4 ѕвезди: поранешниот командант на воздухопловството Акин Ецтурк, генералот на Втората армија Адем Худути и на Третата армија Ердал Оцтурк. Турските власти оттогаш уапсија повеќе од 100 воени офицери со ранк на бригаден-генерал или повисоко (речиси една третина од сите турски генерали).

People chant slogans during a pro-government rally in central Istanbul's Taksim square, Saturday, July 16, 2016. Forces loyal to Turkish President Recep Tayyip Erdogan quashed a coup attempt in a night of explosions, air battles and gunfire that left some hundreds of people dead and scores of others wounded Saturday. (AP Photo/Bram Janssen)

Пучистите испратија десетици напаѓачки групи со цел да ги обезбедат клучните цели во двата политички важни урбани центри. Тие успеаја брзо да ги уапсат и неутрализираат началникот на Генералштабот, водачот на воздухопловните сили, на морнарицата и на жандармеријата. Го освоија главниот штаб на армијата и седиштата на жандармеријата. Ги освоија државната телевизија и радио, и клучните транспортни пунктови во Истанбул и Анкара. Притоа презедоа и доволно оклопни возила и воени авиони за да им голема превласт врз расфрланите и безглави провладини сили.

Три големи неуспеси беа главните причинители на поразот. Прв и најважен беше неуспехот на падобранскиот тим да го зароби самиот Ердоган, кој избега само неколку минути претходно. Второ, иако пучистите веднаш ја нападнаа претседателската палата во Анкара, се чини дека ја потценија одбраната на палатата, и заглавија во крвава битка, за на крајот воопшто и да не успеат во обидот. Трето, пучистите недоволно ги инфилтрираа и кооптираа полициските сили, првата линија на професионалната одбрана на државата. Во првите часови од воениот удар, полицијата во голем дел остана неутрална, освен онаму каде што беше директно нападната. Но откако стана јасно дека Ердоган не е уапсен тие жестоко се спротивставија на пучот.

Turkish Supporters are silhouetted against a screan showing President Tayyip Erdogan during a pro-government demonstration in Ankara, Turkey, July 17, 2016. REUTERS/Baz Ratner

Дополнително, освен трите големи пропусти, пучистите направија и повеќе мали грешки.
Неуспехот да се неутрализира верскиот естаблишмент доведе до масовни повици од џамиите за мобилизација на уличен отпор. Тие не успеаја да ги уапсат премиерот Бинали Јилдирим и министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, ниту да го заземат седиштето на МВР во Анкара. Бавни беа и во преземањето или блокирањето на приватните телевизии. И конечно, ја потценија силата на „Османли Очаклари“- доброволците на владејачката АКП кои беа ‘рбетот на народниот отпор и успеаја да организираат крвави улични пресметки.

103793726-turkeycoup.1910x1000

Конечно, внатрешните услови во турското општество не беа поволни за пуч, откако дури ни оние кои традиционално ги поддржуваа воените удари во минатото како бизнис елитата и повисоките социјални слоеви се спротивставија на уривањето на владата. Во такви услови, дури пучистите и да успеаја во првичната намера, ќе имаа потешкотии да ја контролираат државата а притоа да не ризикуваат долготраен и крвав конфликт.

Но во секој случај, не може да се заклучи дека пучот бил несмасен, неподготвен, или лажен само затоа што не успеал. Преземањето контрола врз голема и комплексна држава како Турција не е лесно. Севкупни, воените удари имаат шанса за успех од 50-50, а шансите се поголеми во помали и помалку напредни општества.
Доколку хеликоптерскиот тим кој го ловеше Ердоган пристигнеше неколку минути порано, или беше освоена претседателската палата во Анкара, приказната за воениот удар од 15 јули можеше да биде многу поинаква, анализира Дојче веле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.