Прв се охрабри тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев. Првата политичка „бомба“ пукна на 09 февруари. Јавноста слушна за масовни злоупотреби на државата за лични и партиски цели во размери кои беа застрашувачки. Владата на ВМРО-ДПМНЕ користејќи ја веќе воспоставената спрега помеѓу извршната власт и судството поведе случај против сите инволвирани во протекувањето на прислушуваните материјали од Управата за безбедност и контраразузнавање, како и против Заев и поранешниот директор на УБК и во тоа време дипломат во Рим, Зоран Верушевски.
Но, кои се вистинските дојавуачи на корупција и криминал или, популарно свиркачи? Обвинети беа и Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски од УБК.Тој беше човекот кој работел во службата, ги сведочел масивните злоупотреби на предистражните мерки и јавноста никогаш немаше да ги чуе бомбите да не беа обичните „смртници“ од службата – професионалната администрација.
НОВА направи ексклузивно интервју со најпознатиот свиркач во Македонија кое ќе биде емитувано во предвечерните часови. Погледнете го кусиот видео осврт.