Претседателот Ѓорге Иванов денеска во контекст на одлуката за Уставниот суд за враќање на ингеренциите на Претседателот во однос на помилувањата, рече дека ќе постапува само во интерес на државата.
– Би сакал да им порачам на граѓаните на Република Македонија да бидат спокојни. Ни на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, наркодилери, силеџии на избори, терористи и екстремисти, истакна Иванов, одговорајќи на новинарско прашање.
– Како и досега, ќе го правам исклучиво она што е исправно и она што е во интерес на државата, додаде тој.