НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камерите за прв пат го уловија моќниот Мијалков во суд

1
By Нова ТВ on November 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

mijalkov

За некои се уште најмоќниот човек во државата, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков денеска се појави на распит во судот, како еден од осомничените за злоупотреба на државниот буџет при набавка на опрема за следење на комуникации, во случајот „Трезор“.

Уште од  11 часот утрово, повеќе новинари беа „нацртани“ пред Кривичниот суд во Скопје. Иако на прв поглед се чинеше дека од интерес на камерите е судскиот процес за „Диво Населје“ кој е во тек, сепак медиумите имаа друга информација. Сашо Мијалков, поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) треба да се појави на распит во судот за случајот „Трезор“.

Интересно е што во Основниот суд Скопје 1, Мијалков доаѓа по втор пат за да даде исказ, додека во исто време се случува процесот за „Диво Населје“. Судовите денеска беа буквално опколени од силно вооружени специјални полициски сили, кои не дозволуваа секој да се доближи во близина на зградите. Неколку од нив, застанаа токму пред камерманите кои ги имаа вперено камерите кон службениот влез, каде се очекуваше во секој момент да дојде Мијалков на закажаниот распит. Ги замолија да се потргнат подалеку од влезот, наводно од безбедносни причини заради процесот „Диво Населје“.

„Ќе го фатиме ли“, „Ма нема шанси, ќе влезе некаде од доле“, „Можеби треба да се поделиме и да ја опколиме зградата, којзнае од каде ќе влезе“, се шегуваа новинарите кои беа пред зградата, со малку надеж дека ќе имаат снимка или пак изјава од Сашо Мијалков.

Претходно обвинителите на Специјалното обвинителство, Гаврил Бубевски и Артан Аиро пристигнаа во судот и влегоа на главниот влез, каде влегуваат сите странки. Точно во 12 часот, Сашо Мијалков пристигна со неговиот адвокат, Никола Додовски и уште еден најверојатно, член на обезбедувањето, и влезе од службениот влез. На овој влез, за разлика од главниот каде има систем на проверка и идентификација како и метал детектори, нема проверки бидејќи е наменет за вработените во судот.

Со големо брзање Мијалков речиси прелета по скалите на влезот и за само две три секунди веќе се најде во Кривичниот суд. Но камерите и фотоапаратите успеаја за прв пат да го „уловат“ екс разузнавачот Сашо Мијалков како се појавува во суд, сега веќе како еден од осомничените во случајот „Трезор“.

Цели два часа траеше распитот кај судијата на претходна постапка за мерките на претпазливост што ги побара СЈО, по што Мијалков го напушти судот, од истиот влез каде што дојде, повторно со брзина на светлината, успешно избегнувајќи ги евентуалните прашања на новинарите. Со него си замина и Никола Додевски кој воедно е адвокат и на целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Ексдиректорот на УБК исто така е осомничен и во случајот „Тортура“, за начинот на кој се апсеше поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Во десетте години додека ја држеше функцијата, неговото име за многумина беше страв и трепет, па луѓето ретко се осмелуваа и да го споменуваат во јавноста. Ситуацијата се промени по објавата на бомбите, кога за прв пат јавноста можеше да го слушне неговиот глас, во опуштен разговор за нарачки во медиумите, апсења, договори за бирање судии итн. За многумина, пред неколку години беше незамисливо дека токму тој еден ден ќе биде осомничен во големи случаи и ќе се појавува на судски распити.

Една од мерките на претпазливост кои во „Трезор“ ги бара СЈО е одземање на пасошите за Мијалков и за другите двајца осомничени – шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и членот на Управен одбор на Телеком, Небојша Стајковиќ. Тие денеска исто така беа повикани, но засега нема официјални информации дали дошле на распитот во Кривичниот суд за овој предмет на СЈО. За четвртиот осомничен, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујовски, претходно беше побарана мерка притвор, но таа е одбиена.

СЈО на 28-ми септември ја објави истрагата за злоупотреба на 860 илјади евра од Буџетот за лично богатење, позната како случај „Трезор“. Мијалков на крајот на септември еднаш веќе беше на сослушување во Кривичниот суд токму за овој случај.

Според СЈО, првите тројца осомничени, Мијалков, Јакимовски и Грујовски, во 2010-та година отпатувале во Лондон и договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку министерството, осомничените функционери ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.

„Финзи“ откако ја презела набавката во свои раце во договор со УБК и МВР, увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена, соопштија од СЈО. Набавката е направена во 2010-та година, а „Финзи“ е формирана кон крајот на 2009-та година. СЈО во истрагата отвори дилеми за тоа како „Финзи“, која во тоа време немала ниту еден вработен, а ниту пари за да ја набави опремата, била одбрана за партнер во МВР, но и зошто воопшто имало потреба од посредник во зделката. Не е јасно ниту каде завршиле парите со кои според СЈО еоштетен буџетот, а кои легнале на нивната сметка.

„Финзи“ е компанија во сопственост на фирма од САД, додека фирмата од САД е поседувана од фирма во Кипар. Прв директор на оваа фирма е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, а последен директор беше Коста Крпач, сведокот на СЈО кој се самоуби. Повеќе детали за „Финзи“ на следниот линк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.