Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Трезор“: Која е „Финзи“, новата фирма под радарот на СЈО

6
By Сашка Цветковска on September 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 28, 2016 11:21

„Финзи“ ДООЕЛ е името на компанијата којашто денеска се најде во центарот на вниманието во новата истрага којашто се однесува на проневера на пари  од буџетот при набавка и одржување на опрема од Велија Британија.  Три раководни лица од Управата за контраразузнавање (УБК) и едно лице во Министерството за внатрешни работи (МВР) овомозможиле компанијата „Финзи“ бесправно да се стекне со 862.042 буџетски пари во своја корист.

„Финзи“ не е ново име во истрагите кои досега ги правеа истражувачките новинари. За оваа компанија јавноста прв пат слуша во 2014 година кога се истражува сопственичката структура на повеќе медиуми во Македонија, нивните профити од владино-спонзорирани пари (реклами) и нивните релации со моќници од земјава затскриени за удобноста која ја носи сопственоста во таканаречените офшор држави или даночни прибежишта.

Под знамето на Кипар, а во матните води на македонските владини зделки

Компанијата „Финзи“ е основана во август 2009 година. Никогаш не беше јасно со што точно се занимава оваа компанија, а нивната веб страница не проработе откако е откупен домејнот пред неколку години. Сопственик на „Финзи“ е компанија од САД која исто така се вика „Финзи“, а оваа компанија е поседувана од компанија во Кипар, држава која важи за даночно прибежиште. До денешен ден е нејасно кој е вистинскиот сопственик на „Финзи“ со оглед на фактот дека држава Кипар овозможува сопствениците да останат тајна.

„Финзи“ го поседува и порталот „Нетпрес“ чијшто директор е Лидија Станчевска Кумева, а главен уредник е Дејан Николовски. „Нетпрес“ важи за едно од владино-партиските гласила кои даваат поддршка на политиките на владејачката партија, а често се впуштаат и во таканаречената црна пропаганда насочена кон критичарите на ВМРО-ДПМНЕ.

Сведокот Крпач се уште се води како директор на „Финзи“

До денешен ден директор на компанијата „Финзи“ е сега починатиот сведок на СЈО, Коста Крпач. Дури и седиштето на компанијата е на неговата домашна адреса, а Крпач, иако поминаа шест месеци од неговата смрт, останува несменет од позицијата директор поради тоа што вистинските сопственици од САД и Кипар треба да ја направат промената.

Но, пред Крпач, прв директор на „Финзи“ е лицето Владислав Стајковиќ. Стајковиќ и е добро познат на македонската јавност откако за него се чу во „бомбите“ на опозицијата врзани со набавката на израелска опрема. И таму, како и во овој нов случај на СЈО, вмешани беа раководни лица од УБК, па дури и судии, а СЈО отвори и истрага за начинот на кој набавувала изреалската опрема и за улогоата на НВСП во трансферите на пари и во провизиите за одредени лица за кои се стекна впечаток дека се реализирано со помош на НВСП.

Нема случајни лица

Владислав Стајковиќ не е случаен човек. Тој се доведува во релации со моќни лица од македонскиот бизнис и од политиката, а во прилог на оваа теза оди и податокот дека Стајковиќ е изборот на владата за член на надзорниот одбор на Државанта видео лотарија, компанија во којашто владата директно се заортачи со офшор компании од разни краеив на светот. (Повеќе за ова утре на НОВА)

Владислав Стајковиќ или во бомбите нарекуван „Влатко“ е личноста со која судијката од Управниот суд, Светлана Костовска договара што да стои како основ за да легнат парите од договорените провизии утврдени во разговорите со директорот на УБК Сашо Мијалков, како што тврди лидерот на СДСМ Зоран Заев. Во транскриптите коишто опозицијата ги доставува до медиумите, „Влатко“ е напишан како Влатко Стајковиќ, а во еден од телефонските снимки помеѓу Костовска и израелскиот посредник, таа ја споменува фирмата НВСП како фирма на којашто сметка би требало да легнат средствата, а со Влатко се договара со каква назнака би легнале истите.

НВСП, според досегашните објавени истражувања на базата за медиумска сопственост „Медиапедија“ е компанија којашто се занимава со различни дејности – од консултантски и адвокатски услуги, обезбедување на резиденции, дистрибуција на мобилни телефони, дозвола за промет со оружје и со муниција, медиуми и друго. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Според евиденцијата на Централниот регистер на Македонија, компанијата НВСП е сопственик на Радиото Слободна Македонија во кое што свои емисии имаат Миленко Неделковски, новинарките на Сител телевизија Славица Арсова и Наташа Мерсовска, професорката на правниот факултет Татјана Каракамишева, екс-вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски и други новинари и експерти кои што во јавноста важат за блиски до владејачката ВМРО ДПМНЕ. Радио Слободна Македонија има седиште на иста адреса со неделникот и портал „Република“, чијшто газда е фирмата „Ирезине Лимитед“ од државата Белизе.

Фирмата НВСП ја поседува и телевизијата К3 (поранешен „Златен канал“) од Куманово. НВСП е формирана во 2006 година. Стајковиќ, покрај тоа што е основач на НВСП, тој е и директор на фирмата „Мобико“, каде што сопственик е извршниот директор на Т-Мобиле, Жарко Луковски.

Луковски, пак, приватно е близок пријател, а од неодамна и кумашин на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Шефот на тајната полиција беше кум на свадбата на Луковски со неговата избраничка годинава.

Владислав Стајковиќ, преку НВСП, бил и првиот газда на фирмата за обезбедување имот и лица, популарната СГС.

 

 

 

 

 

 

Владислав Стајковиќ СЈО УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.