Комисијата за верификација на фактите лустрирала друго лице кое исто така се вика Петар Карајанов, но го прогласила за кодош Петар Карајанов, кој е поранешен секретар и претседател на Градскиот комитет на Сојузот на Комунистите, јави Телма.
Карајанов сега бара Лустрациска да го симне инкриминирачкиот документ од својата веб страна:
-Лустрациска го смени идентитетот и ме прогласи за соработник на тајните служби, вели Петар Карајанов чие решение Kомисијата за лустрација го објави на својата веб страница.
Карајанов вели дека му е направена бесмислена,тешка и навредлива грешка со што е ставен изменет и оцрнет код на неговата личност и општествен придонес.
Во основниот документ врз база на кој се утврдува наводната моја соработка, се прави груба замена на идентитетот, името и презимето се идентификува со друг од бројниот род на Карајанови во Гевгелија, рече Петар Карајанов:
Потврда за тоа дека се работи за две различни лица, Карајанов ги кажува следниве докази:
-Различната дата на рагање, јазикот кој го студирале, роднинските врски и патувањето во Шведска каде Карајанов имал брат, контактирал со нашата имиграција, пренесувал информации и комуницирал со безбедносните служби.
Се е различно всушност кај двајцата Карајанови:
-Роден сум во 1936 година, а тој во 1937, јас живеам во Скопје, тој во Гевгелија, јас студирав југословенска книжевност со македонски јазик, тој англиски јазик, тој имал брат, а јас сестра, а во шведска никогаш не сум патувал, нагласува Карајанов.
Апсурдноста да биде поголемаво времето кога тој Петар бил во Шведска и кога го поднел извештајот до тајните служби, овој Петар бил во војска во Требиње БИХ. Со ова, Комисијата потврдува дека надвор од законот без да направи елементарна проверка и споредба на податоците и фактите лустрира погрешен човек.
Не можам да се ослободам од помислата дека овој груб чин на измешаност на мојот идентитет и вештачкиот спој на наметнатиот кримо-идентитет на мојата личност, со моите функции со темели во денешна Македонија, се еден од познатите обиди за дискриминација и своевидна пресметка со неистомисленици на актуелната власт, рече Карајанов.
Од тие причини Карајанов побара Комисијата за лустрација јавно да му се извини за направената штета, да признае дека лицето прогласено за соработник е друг Петар Карајанов, а не поранешниот секретар и претседател на Градскиот комитет на Сојузот на Комунистите и да го симне инкриминирачкиот документ од својата веб страна.