Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку вреди животот на еден директор именуван од владата

2
By Нова ТВ on November 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 2, 2016 10:59

Генералниот директор на Државното станбено претпријатие Цветко Грозданов и четворицата неизвршни членови на Одборот на директори со  државни пари ќе добијат животно осигурување. На Бирото за јавни набавки вчера беше објавен оглас во кој се бара осигурителна компанија со која оваа државна институција ќе склучи договор во траење од една година.

Генералниот директор Цветко Грозданов и четворицата неизвршни директори ќе се осигураат во случај на смрт, несреќа или болест. Во условите кои се пропишани во огласот, Грозданов како главен менаџер нуди премија до 400 евра на месечно ниво или 4.800 евра на годишно ниво.

Другите раководни лица ќе имаат помало осигурување односно месечна премија од 250 евра за секој поединечно или 3000 евра годишно, односно за сите четворица 12.000 евра.

Проценета вредност на целиот договор е 17.800 евра од државниот буџет. За разлика од менаџерите, вработените во ова јавно претпријатије се осугирани само во случај од повреди, а вредноста на нивното осигурување за сите вработени за две години изнесува 20, 000 евра.

Грозданов: Не дај боже ако ми се случи нешто, одам и на пат

НОВАТВ побара одговор од Грозданов зошто граѓаните да му плаќаат животно осигурување на раководството на оваа државна институција, а тој се повика на менаџерскиот договор и статутот на претпријатието во кое оваа привилегија му е наведена.

„Тоа е мое дискреционо право. Јас сум главен менаџер, мојата работа не е само во канцеларија, одам на пат и не дај Боже да ми се случи нешто“, рече Грозданов.

Тој не сакаше да ни даде изјава во камера да објасни зошто тој е попривилегиран од останатите вработени, кои имаат обично осигурување, и подналутено не прекори наместо за таа тема од него да бараме изјава за најновите проекти кои ги спроведува оваа институција.

Грозданов вели дека парите кои станбеното претпријатие ги одвојува за осигурување не ги зема тој, туку ако не се искористат во случај на некоја лоша ситуација остануваат во фирмата.

Според документите на интернет страната Јавни набавки, ова ќе биде трета година како раководството на станбената институција добива менаџерско осигурување, а од оваа година за прв пат и животно осигурување.

Парите од осигурувањето на Грозданов и другите менаџери остануваат во фирмата и тие не би можеле да ги подигнат, како што рече тој. Но, во случај на смрт нивните семејства би биле обештетени со неколку стотици илјади евра, а високи премии би подигнале и ако се повредат или разболат.

Директорите животно осигурани, полицајците, армијата и пожарникарите колективно

НОВАТВ разговараше со припадници на единицата „Тигри“ и прашавме дали државата се погрижила оваа единица  чијшто живот е изложен на висок ризик во акциите во кои учествуваат. Тие ни раскажаа дека имаат колективно осигурување кое е минимално повисоко од она за целата полиција. Кога припадниците на „Тигрите„ загинаа во акцијата во Диво Насеље во мај 2015 година, владата носеше посебна одлука за да може да ги обештети нивните семејства. Семејствата на загинатите добија по 70,000 евра, додека повредените и учесниците во акцијата по 10,000.

Армијата на РМ, исто како и полицијата и пожарникарите, се осигурани колективно. На пример, за сите вработени во АРМ и војската има заедничко осигурување од 142,000 евра.

Осигурувањето и како заштита од отказ

Во 2014 година за осигурување за Грозданов и останатите четири директори, биле издвоени 14.400 евра. Лани пак биле платени 10.000 евра за истата цел. На бирото за јавни набавки може да се пронајдат и други институции кои ги осигурувааат своите менаџери, како на пример, раководството на Економскиот факултет.

Во 2013 година медиумите обелоденија дека менаџерско осигурување имал тогашниот директор на А.Д. „Македонска пошта“ Рафиз Алити, како и шестмината менаџери на оваа компанија. Договорот беше вреден 9 милиони денари според кој, во случај ако им престанеше вработувањето во компанијата, менаџерите ќе ја добиеја речиси целата осигурена сума како бонус.

Директорот Рафиз Алити бил осигурен на 360.000 денари, а останатите шестминаменаџери на околу 240.000 денари, или севкупно на 1,8 милион денари.

Kонсултиравме експерти за осигурување со цел да дознаеме што всушност претставува менаџерското осигурување. Тие ни посочија дека станува збор за еден вид награда за високопозиционираните лица во една компанија за добро завршена работа или, пак, може да се сфати како гест на компанијата кон луѓето со кои планира долгогодишна соработка.

На интернет страната на „Кроација осигурување“ во делот за менаџерското осигурување пишува:

„Менаџерското осигурување ја зајакнува припадноста на клучните кадри на компанијата, стимулира лојалност и посветеност на целите на компанијата, а во исто време нуди врвна осигурителна заштита и покритие. Една компанија со осигурување на својот клучен кадар ја потврдува нивната стручност и улогата што ја имаат тие во компанијата, покажува дека го вреднува трудот што го вложуваат, го цени нивниот потенцијал и свесна е за нивната улога и влијанието врз деловните резултати на компанијата“.

 

Цветко Грозданов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.