Аријан Дема Љани почина вчера во Скопје по долга и тешка болест.
Љани, роден во 1957 годинам, беше еден од најдобрите македонски соло гитаристи, композитори и музички аранжери а стана познат како член на групите Пу и Лева Патика на крајот на 70 години од минатиот век.
Заедно со Драгиша Солдатовиќ, Владимир Јанкуловски и Димитар Чочоровски Љани свиреше и во групата Ден за ден. Тие снимија албум со истиот наслов и го промовираа на Бум Фестивалот и на Фестивалот за млади во Суботица како и на Фестивалот во Опатија. Од тој периот позната е композицијата “Циганка”.
Подоцна Дема ја продолжи својата кариера во странство, во Шпанија, Германија и Белгија.
По враќањето во Македонија Дема ја продолжи кариерата со неговиот стар пријател и музичар Рамиз Јусуф Цики, кој исто така беше член на Пу и Лева Патија. Тие заедно снимија албум насловен “Заложник”.
За Љани може да се каже дека беше наша урбана легенда а зад секоја негова музичка изведба стои висок стандард и професионализам. Неговата гитара беше моќна, брза и понекогаш откачена.