Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот Закон нема да ги деактивира објавените бомби

0
By Нова ТВ on November 6, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите досегашни материјали прибавени со незаконско прислушување кои укажуваат за сериозни криминали и злоупотреба на функциите ќе може да се реемитуваат.

Она што е новина во Законот за заштита на приватноста или популарно наречен закон за „бомби“ се санкциите доколку се наруши приватноста на граѓаните.

Секој кој користел уред за неовластено да прислушува ќе добие затворска казна од една година, оној кој ќе го овозможи прислушкувањето ќе добие затвор од 1 до 5 години, а правното лице кое тоа ќе го објави ќе добие парична казна согласно Законот за прекршоци.

Со новиот Закон, кој по долги преговори синоќа партиите едногласно го договорија се гарантира заштита на приватноста на граѓаните согласно со Уставот и Европската конвенција за човекови права, велат од опозицијата.

Според договореното, нема да има санкции врз новинарите или уредниците, туку директно врз фирмата која ќе загрози нечија приватност, а со 10 отсто од профитот ќе бие казнет и операторот кој ќе овозможи прислушкување.

Во законот не влегуваат материјалите кои имаат индиција или директно укажуваат на кривично дело и се од јавен интерес и ќе се однесува на прислушувањето спроведено меѓу 2008-2015 година.

Како што брифираат од опозицијата, законското решение опфаќа почитување и заштита на личниот и семеен живот, политичката, религиозната и етничка припадност, како и здравствената состојба на секој граѓанин.

Тој ќе стапи на сила 6 месеци од денот на однесувањето, што значи дека опозицијата ќе има можност дел од објавените бомби да ги користи и во предизборната кампања.

Претходно, во врска со Законот ќе се произнесе и Венецијанската Комисија, а обврска на политичките партии ќе биде по добиеното мислење во рок од пет дена да ги усогласат сите забелешки на Комисијата.

Доколку законот се прекрши, надлежен за постапување е судот, кој треба да ги има в предвид Европската конвенција за човекови права.

Медиумите нема да бидат донатори на партии

Согласно вчера договореното се забранува медиумите или лица поврзани со нив да се јавуваат како донатори на одредена политичка партија.

Комерцијалните телевизии имаат обврска да отстапат 8 минути простор за платено политичко рекламирање на власта и опозицијата и по една минута за помалите партии.

Измените во Изборниот законик опфаќаат и половина од билбордите да се отстапат на политичките партии во предизборна кампања и тоа 40 отсто од нив за власта и опозицијата и по 10 отсто за помалите или нови партиии.

Иако за јавниот сервис преговорите се уште се во тек, досега е договорено МРТВ да има обврска да организира дебати меѓу власта и опозицијата во предизборието.

Освен за медиумите, во делот на финансирањето на партиите договорени се измени и за останатите донатори. Фирмите кои досеаг имаа можност да донираат по 50 000 евра на партиите, сега се ограничени на 30 000 евра, додека поединци, наместо 5 000 отсега ќе имаат законско право да донираат по 3 000 евра.

Партиите се обрзани по завршување на кампањата веднаш да прикажат прецизни извештаи за донациите, а доколку посоти сомнеж за приливот на парите надлежна за покренување постапка е Државната изборна комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Би-Би-Си: 50 деца им побегнаа на киднаперите во Нигерија

November 24, 2025

Земјоделците во Грција од 30 ноември најавија блокади низ целата земја

November 24, 2025

Каран избран за претседател на Република Српска по предвремените избори

November 24, 2025

Србија: Една година исто барање

November 22, 2025

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025
ФОКУС

Белата куќа: Секој договор со Русија мора да го гарантира украинскиот суверенитет

ВЕСТИ November 24, 2025

Американските и украинските власти потврдија дека идниот договор за прекин на конфликтот со Русија „треба…

Австралија: Со мерка на влдата профили на деца под 16 години ќе се бришат од социјалните мрежи

November 24, 2025

Контра планот на Трамп од 28 точки – Европски план за Украина во  24

November 23, 2025

Украина не го прифаќа планот на Трамп – за да запре со агресијата Русија мора да биде запрена економски

November 22, 2025
ТИКЕР

Би-Би-Си: 50 деца им побегнаа на киднаперите во Нигерија

November 24, 2025

Земјоделците во Грција од 30 ноември најавија блокади низ целата земја

November 24, 2025

Каран избран за претседател на Република Српска по предвремените избори

November 24, 2025

Србија: Една година исто барање

November 22, 2025

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.