Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина писателот Мето Јовановски

22
By Нова ТВ on December 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По кратко боледување вчера вечерта (петок ) во кругот на семејството почина писателот Мето Јовановски (1928-2016) на 88 годишна возраст. Јовановски беше беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тој беше припадник на повоената генерација македонски писатели кои меѓу првите пишуваа на македонски јазик и го создаваа и ширеа македонскиот јазик. Ќе биде погребан в недела во неговото родно Брајчино, преспанско.

Во кариерата долга 6 децении, Мето Јовановски неговото творештво брои над 30 книжевни дела. Објавуваше збирки песни, раскази, романи, песни за деца, а од нив, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици, а Јовановски преведуваше од англиски и руски јазик. Автор е на расказите  и негови најпоззнатии дела преведувани на повеќе светски јазици:  „Јадреш“, 1957, „Мени на мојата месечина“, 1959,  „Првите човекови умирања“, 1971,  „Патот до осамата“, 1978, „Крстопат кон спокојот“, 1987, „Љубовта на Грифонот“, 2005.  Ги напиша романите „Хајка на пеперутки“, 1957 „Слана во цутот на бадемите“, 1965, „Земја и тегоба“, 1968„Сведоци“, 1970„Будалетинки“, 1973, „Орловата долина“, 1979, „Крлежи“, 1984 и„ Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“, 1992. Автор е и на две книги за деца „Љуман армијата“ од 1954 и „Војвода над војводите“ од 1980.

Архивска фотографија

Јовановски го напиша и патеписот „Клучевите на Манхатан“, 1983, а има напишано и радио и тв драми. Составувач е на антологијата „Една друга Америка“, 1978 и на лексиконите „Кој е кој, што е што“, 1963 и „Мал литературен лексикон“, 1971.

Мето Јовановски го негуваше и афирмираше македонскот јазик, а во еден од неговите последни написи, колумна за „Утрински весник“ со наслов „Напуштање на јазикот, татковината“, Јовановски зборува токму за негрижата на нашиот јазик во литературата.

Мето е татко на три деца, Билјана, Борјан и Светлана.

Во понеделник во 13 часот ќе се одржи комеморација во ГЕМ клубот во Скопје.

Мето Јовановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.