Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристовски: Направивме огромен резултат

0
By Нова ТВ on January 16, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 16, 2018 09:10

Македонија вчера ја совлада Црна Гора со 29:28 во второто коло во групата Ц и се промовира како сигурен патник во главната фаза на 13. Европско првенство во ракомет во Хрватска.

И синоќешните два бода беа осигурани во неизвесна завршница како против Словенија за многу помотно дочекување на последниот настап во „Загрепска арена“ во среда од 18,15 часот против Германија. Во случај на триумф, тогаш составот на Раул Гонзалез ќе се пресели во Вараждин со четири бода и максимален ефект по првиот круг што и нема да чуди ако се има предвид тешко изборениот бод на Германците против Словенија (25:25).

Филип Миркуловски иако повреден беше ставен во игра на синоќешниот дуел со Црна Гора некаде на средината на првото полувреме и со неговото влегување Македонија заигра подобро и ја анулира предноста на противникот која на моменти изнесуваше три погодока.

Централниот бек е задоволен од прикажаното во досегашниот дел од шампионатот и најави игра на победа и против Германија.

– Знаевме дека ќе биде тешко со Црна Гора, иако многумина предвреме ни ги доделија бодовите. Честитки за Филип Лазаров кој на двата дуела ги постигна клучните голови. Неодамна реков дека дуелот со Германија може да биде за прво место во групата. Ние пренесуваме најмалку два бода во следната фаза. Со Германија одиме на победа и на прво место, истакна Миркуловски.

Јунак во победата на Македонија над Црна Гора (29:28) на Европското првенство во Хрватска, беше Филип Кузмановски кој во клучните моменти ја доби довербата од селекторот Раул Гонзалес и возврати со пет погодоци.

– Почнавме во грч, на полувреме ги поправивме грешките. Се договоривме како да одиграме во одбраната и паметно во нападот. Што се однесува до мојата игра, сум задоволен, ги послушав советите од поискусните и за играта во дефанзива и при ударите на противничкиот гол, истакна Кузмановски кој беше најефикасен ракометар во победничката репрезентација.

Пофалби за настапот на Кузмановски стигнаа и од селекторот Раул, кој рече дека Филип ги искористил минутите кои ги доби и има голем придонес во победата.

Голманот на Македонија Борко Ристовски двете победи и пласманот во следната фаза на Европското првенство го оцени како извонреден резултат.

– Знаевме дека овој натпревар ќе биде потежок отколку со Словенија, затоа што бев под дополнителен психолошки притисок да стигнеме до победата која не носи во вториот круг. Ќе пренесеме два бода во следната фаза, што е огромен резултат за нас. Прв пат во историјата пренесуваме два бода, а може да се и повеќе. Притисокот си го направи своето. Не е важно како игравме, важно е што освоивме бодови. Да се одмориме колку што можеме во кусиот период до дуелот со Германија, изјави македонскиот голман.

Ристовски се заблагодари на македонските навивачи кои во илјадници се во Загреб и даваат поддршка на македонските ракометари

– Заедно се бодревме кога не ни одеше. Тие беа оние кои ни помогнаа да се вратиме. Да уживаме со публиката и благодарам до цела Македонија за поддршката која ни ја дава.

ЕП во ракомет

Група Ц, 2 коло

Црна Гора – Македонија 28:29
Словенија – Германија 25:25

Табела: Македонија 4, Германија 3, Словенија 1, Црна Гора 0.

Идно коло: Македонија – Германија (среда, 18.15 ч.), Словенија – Црна Гора (сред, 20.30 ч.)

Група Д, 2 коло

Чешка – Данска 28:27
Унгарија – Шпанија 25:27

Табела: Шпанија 4, Данска 2, Чешка 2, Унгарија 0.

Идно коло: Чешка – Унгарија (среда, 18.15 ч.), Шпанија – Данска (среда, 20.30 ч.)

Утре на ЕП 

Група А, 3 коло

Србија – Исланд (18,15 ч.)
Хрватска – Шведска (20,30 ч.)

Табела: Хрватска 4, Шведска 2, Исланд 2, Србија 0.

Група Б, 3 коло

Франција – Белорусија (18,15 ч.)
Норвешка – Австрија (20,30 ч.)

Табела: Франција 4, Норвешка 2, Белорусија 2, Австрија 0.

ЕП ракомет 2018 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.