Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и Обединетите арапски емирати ги прекинаа дипломатските врски со Катар, кого го обвинуваат за дестабилизација на регионот.
Според владите на овие земји, Катар поддржува милитантни групи вклучувајќи ги и тнр. Исламска држава и Ал Каеда, што Доха го негира.
Саудиската државна агенција СПА објави дека Ријад ги затвори границите, морето и воздрушниот простор што беше контакт со малиот катарски полуостров.
Катар овој потег го нарече неправеден и неоснован.
Овој потег без преседан се смета за знак за значителна поделба меѓу силните заливски земји, кои се исто така блиски сојузници на САД.
Настанот е во услови на зголемени тензии меѓу заливските земји и нивниот сосед Иран. Во изјавата од саудиските власти Катар е обвинет дека соработува со милитантите кои ги поддржува Иран.