НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собир пред полициската станица Пролет за поддршка на Богоевски

0
By Нова ТВ on June 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

sobir

Неколку десетици граѓани, активисти на Шарената револуција, како и членови на партиите СДСМ и Левица во моментов се пред полициската станица Пролет во Кисела Вода, каде се наоѓа приведениот активист Павле Богоевски – учесник во Шарената револуција, јавува репортерката на НОВА Сашка Цветковска. Засега ситуацијата е мирна, а бројот на граѓани пред станицата се зголемува.

Богоевски е приведен на Камени мост во Скопје вечерва за време на герила – акција.

Портпаролката на СВР Скопје Лиза Бендевска вели дека за апсењето, медиумите може да и се обратат утре, бидејќи како што рече, сега било доцна. Засега, сведоци на настанот, меѓу кои и активистот Замир Мехмети за НОВА велат дека Шарената Револуција се обиделе да направат мирна герила акција во која ќе спуштат платно од Камениот мост, за време на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, но полицијата ги спречила и без никакво предупредување го привела Богоевски.

„Ништо не нарушивме ниту направивме нешто и рипнаа почнаа да не маваа, имаше мал инцидент од неколку секунди во кој не удрија, и го однесоа Павле најверојатно во полициската станица „Пролет“, изјави Мехмети за НОВА.

Според Фејсбук објавата на Шарената револуција, при апсењето припадници на ЕБР примениле сила и насилство.

Вечерва на летната тераса пред Музејот на ВМРО се одржува прославата по повод 26 години од постоењето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

На одбележувањето од роденденот на партијата, штотуку се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а присутни се и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, премиерот Емил Димитриев, претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, претседателката на Унијата на жените на партијата, Даниела Рангелова, Александар Пандов од ГДОМ, и други партиски членови и поддржувачи на партијата.

Груевски: Народот врие и во еден момент може да му дојде преку глава

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.