По повод разорните поплави во и околу Скопје и Тетово, холандскиот Министер за надворешни работи Берт Кундерс вчера му прати писмо со сочувство на својот македонски колега Никола Попоски.
„Во име на Холандија, би сакал да го искажам своето искрено сочувство до владата и народот на Република Македонија. Нашите мисли се со оние кои загубија роднини и пријатели, со повредените и со оние кои ги загубија домовите.“ – вели Министерот Кундерс во своето писмо. Тој исто така им посака на граѓаните на Македонија сила и храброст во справувањето со последиците на оваа трагедија.