Амбасадата на Германија во Македонија денеска изрази сочувство за жртвите од поплавите во скопско и тетовско.
„Амбасадата на Сојузна Република Германија ја изразува својата длабока жалост за жртвите од невремето на 06.08.2016 година. Нашите мисли и нашето сочувство се со жртвите, повредените и нивните семејства“, се вели во пораката од Амбасадата.
Вчера сочувство за загинатите и повредените изразија и Амбасадата на Грција, амбасадорите на САД, Велика Британија и Холандија во земјава, евроамбасадорот Аиво Орав, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, како и Европската Унија.