Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопругот на главната уредничка во Канал5 стана директор во Лотаријa

2
By Сашка Цветковска on September 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ѓорѓи Дамјановски, сопруг  на новонозначената главна уредничка во Канал 5, Маја Дамјановска, стана дел од одборот на директори на Акционерското друштво во стопроцентна сопственост на Владата Државната лотарија на Македонија.

Оваа  одлука  предложена од владата е донесена едногласно  од  членовите на Надзорниот одбор на друштвото којшто го бира новиот менаџмент, односно Управниот одбор. Седницата се одржала на 5 септември годинава. Од Управниот одмор на АД Државна лотарија на Македонија разрешени се претходните членови Владимир Бахчовановски, Благородна Дулиќ, Ивана Атанасовска, Надица Антоновска и Соња Цирковска.

Дамјановски до 2009 година воопшто не работи во овие дејности и според извори блиски до семејството, работел во еден скопски салон за продажба на автомобили. Токму ова е годината кога многу телевизиски куќи почнуваат агресивно да се престројуваат на страната на тогаш владејачката политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. Причините за ова се многубројни, од спрегите со бизнисмените кои беа истовремено и сопственици на медиуми, до големите пари во вид на владини реклами поради кои претходната влада беше обвинувана за масовно корумирање и контролирање на медиумите со државни пари. Во 2009 нејзиниот сопруг почнува да работи како директор во две компании – ќерки во сопственост на Новоматик Групацијата која поседува десетици објекти за приредување игри на среќа во Македонија.

Дамјановска беше уредник и водител на вестите, нејзиното лице беше дел од мрежата препознатливи уредници и новинари кои ги поддржуваа политиките на минатата власт. Дамјановска имаше и своја емисија на Радио Слободна Македонија каде што свои емисии имаа и професорката Татјана Каракамишева, Миленко Неделковски и многу други новинари од тогаш провладините медиуми, но и експертите кои ги поддржуваа.

Непосредно пред  смената на власта првото дадено интервју за Канал 5 на премиерот Зоран Заев беше токму кај Дамјановска. Таа потоа беше именувана за главен и одговорен уредник на местото на Лидија Богатинова.

Новите одбрани членови покрај Ѓорѓи Дамјановски се и Христо Најденов и Катица Николовска-Прнаркова. За Христо Најденов нема многу  информации на интернет. Единственото име кое  се јавува при пребарувањата е Христо  Најденов во минатите години бил член на Управниот одбор во „Еурокомпозит 11 октромври“ од Прилеп, во време кога со него директорува Марјан Додовски.

Во записникот од седницата до којшто дојде НОВАТВ пишува „Христа“, така што НОВАТВ напоменува дека интерпретираше дека веројатно станува збор за печатна грешка. Во работните материјали за седницата не се предадени биографии на предложените кандидати, само имиња и презимиња. НОВАТВ веќе трет ден чека одговори од владата за нивните биографии и процедурите во кои се одбрани и предложени, но одговоорите се уште ги чекаме и покрај нашите чести потсетувања дека ни должат одговори.

Пребарувањата за Николовска-Прнаркова единствено укажуваат на вакво лице кое работи како овластен сметководител во сопсвено консалтинг биро во Гевгелија, популарно  нарекувана Македонскиот Лас Вегас поради големата концентрација на казина.

Предлозите на истата седница се одобрени од трите члена на Надзорниот одбор Билјана Аврамовска – Ѓоревска и Фатмир Рамадановски како членови и Бојан Јанев како претседател на Надзорниот одбор на Државната лотарија.

Лиценци за коцка се делат ко шпил карти

Министерството за финансии од 2009 година наваму издаде стотици лиценци за работа на објекти кои приредуват игри на среќа, како обложувалници, казина и објекти со покер апарати. Овие процеси се одвиваа со брзорастечко темпо и од историјата на независноста Македонија не бележи толкав број на коцкарници и обложувалници. Иако министерството на својата веб страница редовно ги објавува компаниите кои добиле лиценци сосе образлложенијата за исполнетите улсови и одобрените програми, тие досега одбиваа јавно да  објават правилницие кои ги идентификуваат техничките и другите услови, како и програмите на компаниите за спречување на перење пари, кои се потребни за да се добие ваква лиценца.

Граѓаните често реагираа дека бројот на вакви објекти во близина на училишта и градини и во станбените квартови e загрижувачки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.