Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентите бараат поништување на скандалозните избори

6
By Нова ТВ on July 1, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 1, 2016 15:10

Изборите за студентско раководство на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“, се одржаа во скандалозна и насилна атмосфера. Студентите бараат поништување и повторување на изборите.

Крв, модрици, буткање, специјални полициски сили…Во ваква атмосфера вчера се одржаа студентските избори за ново раководство на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Наместо на мирен, фер и демократски начин, дел од студентите обвинија дека биле тепани и туркани од Единицата за брзо распоредување, која го штитеше раководството на СПУКМ кое реши вчера да ги спроведе изборите за студентски лидер по секоја цена.

Изборните кутии од избирачките места пред камерите на медиумите беа изнесувани од избирачките места, иако според Статутот, гласачките кутии се отвораат на факултетите и гласовите треба да бидат пребројувани јавно.

Александра Живковиќ од Студентскиот пленум вели дека на повеќето факултети воопшто немало паравани зад кои можат да гласаат студентите, што значи дека не е гарантирана тајноста на изборите, кои според Статутот на УКИМ, и останати правни акти на СПУКМ мораат да бидат непосредни и тајни.

„Беше забележано присуство на многу лица кои не се студенти во текот на целиот изборен ден, кој на крајот на денот насилно ги грабнаа кутиите и ги избуткаа студентите од Студентски пленум од Правниот факултет. На изборите имаше многу мала излезност. На овие факултети каде имаше присутни студенти од пленумот беше увидено дека едвај педесетина студенти гласаа во текот на денот. Ова и беше очекувано затоа што самите избори беа закажани во летни месеци, надвор од академскиот календар на УКИМ“, вели Живковиќ.

Според неа, правилниците и сите останати информации воопшто не им биле достапни на сите студенти, со што биле оневозможени да се кандидираат.

„СПУКМ го попречи и правото на студените да гласаат, и да бидат гласани на овие избори.На одредени факултети немаше ни поставени кутии за гласање, како на пример на Факултетот за драмски уметности. На Правниот факултет кутијата беше изнесена од задниот влез, низ бифето. Истата беше обезбедена од неколку лица кои не беа студенти и кој насилно не оттурнуваа да не се приближуваме до кутијата. Понатаму, од СПУКМ кутиите беа криени во здравствената установа, а дел од кутиите со автомобил со штипски регистрации беа однесени во непознат правец“, додава таа.

Студентката Деа Здравковска вели дека тие бараат поништување на изборите заради сите нерегуларности, кои беа фатени и од камерите на медиумите. За вечерва најавуваат протест пред седиштето на СПУКМ.

„Бараме нови избори кои ќе бидат спроведени јавно и УКИМ да заземе став за распишувањето на тие избори кои треба да бидат во септември кога студентите ќе бидат тука“, додава таа.

И покрај вчерашните случувања и реакциите на студентите и академската заедница, СПУКМ денеска соопшти дека за нов претседател е избран Давор Поповски, кој беше кандидат заедно со Стефан Василевски.

Според СПУКМ од вкупно 5.264 гласови,  Поповски освоил 3.851 гласови, додека Василевски 1.275, а 138 биле неважечки.

Од Студентскиот пленум пак велат дека е невозможно да биле собрани повеќе од пет илјади гласови поради одржувањето на изборите во сред лето и отсуството на студентите од факултетите.

„Од тоа што можевме да го видиме на кампусот, немаше повеќе од неколку стотина гласови. Кутиите намерно беа залепени од внатре со листови, за да не може да се види колку гласови имаат“, вели Здравковска.

Студентите велат дека дури и изборите да се спроведени на фер начин, со оглед на тоа што УКИМ има најмалку 40 илјади студенти, а Поповски не освоил ниту четири илјади гласови, избран е за лидер со помалку од 10 % од студентите.

„Универзитетот веднаш да се произнесе, да го осуди ова насилство и да ги исклучи од органите и телата на УКИМ членовите на Студентскиот Парламент. Ние ќе покренеме дисциплински факултети кои се видени на матични факултети како вршат насилство. Бараме Универзитетот да не го признае оној срамен и фалсификуван избор и да застане на страната на студентите. Безбедноста на студентите вчера е кулминација на однесувањето и Универзитетот не смее да го премолчи ова. Бараме од Давор Поповски да ги поништи изборите и да не потпишува никаков документ, во спротивно ќе најдеме основ за кривична одговорност. Ако нашите барања не се исполнат ние ќе ја опструираме работата на Студентскиот Парламент и нема да ги признаеме одлуките на УКИМ“, рече Ивана Туфегџиќ на денешната прес конференција на пленумот.

Најсрамен ден во историјата на УКИМ

Професорскиот пленум (ПП) најостро го осуди начинот на којшто вчера се одвиваа изборите за нов претседател на Студентскиот парламент при УКИМ (СПУКМ).

Според нив, очигледно е дека нелегалното тело со неприкриена намера спроведува нерегуларни избори надвор од академскиот календар.

„Членовите на Одборот за гласање ја злоупотребија својата положба и дозволија продолжување на гласањето со што реализираа незаконски избори. Ова е тежок срам за УКИМ и за Студентскиот парламент, а уште повеќе за оние кои ги подучиле и ги охрабриле да употребат вакви незаконски и насилнички методи во изборниот процес.

Професорскиот пленум најостро ги осудува директното вмешување во изборниот процес и бруталната тортура од страна на Специјалната единица за брзо распоредување при МВР (ЕБР) врз претставниците на Студентскиот пленум кои искажуваа незадоволство од изборните неправилности. Со тоа МВР стана соучесник во криминалниот чин“, велат од ПП.

Студентски избори без студенти

Мандатот на Претседателот на СПУКМ му беше истечен веќе втора година, а избори за Претседател на СПУКМ последен пат се одржани во 2012 година, пред четири години. Студентите неколку пати алармираа дека треба да се одржат избори за студентски лидер, но тоа беше игнорирано од СПУКМ. Статус кво состојбата се искомлицира кога се закажа изборот за нов Ректор на УКИМ, бидејќи во Сенатот на универзитетот гласови имаат и студентите, претставници на СПУКМ, кои според Студенткиот пленум, се нелегитимни заради неодржаните избори. И покрај тоа што студентите на 30 јуни не се на факултетите, СПУКМ ги одржа изборите и прогласи нов студентски лидер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

ВЕСТИ June 22, 2026

Преговорите на високо ниво меѓу САД и Иран, кои се одржуваат во Швајцарија, треба да…

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.