НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење за прегазувањето на 4 годишниот Алмир во Куманово

1
By Нова ТВ on February 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Основниот суд во Куманово почнува судењето против 30-годишниот Бобан Илиќ од Куманово, осомничен за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу што се случи на 25 јуни лани.

На судењето ќе му претходи протест организиран од невладинита организација Зани (Глас).

На осомничениот Илиќ му се заканува доживотен затвор затоа што, според обвинението, убиството го сторил со умисла. Како што пишува порталот svedok.org.mk тој се товари за кривично дело „убиство“ од Кривичниот законик по член 123 став 2, во врска со став 3, кој гласи: „Со затворска казна од најмалку 10 години или со доживотен затвор ќе се казни тој што друг ќе лиши од живот и притоа со умисла ќе го доведе во опасност животот на уште некое лице“.

Освен за убиството на малиот Алмир, Илиќ е осомничен и за обид за убиство на родителите на детето. Илиќ се наоѓа во притвор.

Според обвинението, Бобан Илиќ со мерцедес Ц 200, во кој биле и неговиот брат Б.И. (23) и лицето Т.Д., во близина на Здравствениот дом – Куманово, со предниот десен дел од возилото намерно удрил во семејството Алиу. Детето Алмир, со тешки телесни повреди беше префрлено на Детска хирургија во Скопје, но по неколку дена им подлегна на повредите.

По смртта на Алмир, во Куманово беа организирани протести под мотото „За правда“, со цел да се расчисти целиот случај. Родителите побараа да не се креваат тензии и случајот да не се злоупотребува за создавање етничка нетрпеливост. Протестите исто така ги организираше невладината организација „Зани“.

Братот на осомничениот пак, кој бил сведок на настанот, во објава на социјалните мрежи негираше дека станува збор за убиство со умисла, туку за убиство од небрежност, во обид да спаси „жива глава“, бидејќи Илиќ, според неговото тврдење бил бркан од група насилници за да биде натепан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.