Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УБК од СЈО бара дозвола од Ериксон за пристап до опремата

5
By Нова ТВ on October 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 19, 2016 23:12

Последна информација од Управата за безбедност и контраразузнавање, каде од претпладнето со судски налог за претрес се влезени обвинители и истражители на СЈО е дека директорот на УБК од нив барал дозвола од фирмата производител за да им дозволи пристап до уредите за прислушување, дознава НОВАТВ.

Опремата за прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање била со потпис на производителот „Ериксон“. И за многу брзо време СЈО и Катица Јанева добиле дозвола од „Ериксон“ за влез и пристап до опремата.

По речиси цел ден поминат во Управата за безбедност и контраразузнавање, Специјалното јавно обвинителство вечерва писмено соопшти дека дека тие имаат опструкции од страна на УБК и не можат да добијат пристап до бараните системи за прислушување.

И покрај првичната соработка дојдовме до момент на опструкција да прибавиме специфична информација и докази врз основа на судската одлука. Се работи за специфична информација која е круцијална за нашето работење. Јавни обвинители и истражители на Специјалното јавно обвинителствово текот на целата ноќ ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање, се до конечно спроведување на наредбата. 

Покрај ова, од СЈО велат во УБК се наоѓале и заменик министерот Оливер Андонов, како и поранешниот министер и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. За него, како и за други полициски службеници, обвинителката Јанева на попладневната прес конференција рече дека е чудно што тие се таму.

Во просториите на Управата освен вработени лица од управата, обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство, на покана на Директорот, присутни во одредени периоди беа и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и заменскиот министер Оливер Андонов, велат од СЈО. 

Претходно НОВАТВ објави дека ситуацијата во УБК била благо тензична, а обвинителите на СЈО не добивале пристап до системите. Иако СЈО веќе има оформено предмети за уништување на опрема за прислушување, онаа за која постојат сомненија дека се користела за нелегалните прислушувани разговори на повеќе од 20,000 граѓани, од истрагата објаснуваат дека сега се бара пристап до легалните системи за прислушување кои ги користи УБК, како и до записниците од прислушувањето.

Катица Јанева денеска изјави дека тие барале увид во УБК од осми март годинава, но откако не наишле на разбирање, денеска дошле со судска наредба. Се чини дека тимот на СЈО ќе отседи цела ноќ во УБК, а според најавите на Јанева, таму ќе се дежура во смени и наредните денови. Катица Јанева изјави дека не се откажува од тоа да го добие она за што е дојдена во УБК согласно судската наредба.

Специјалното јавно обвинителство влезе вечерва со судски налог во просториите на Управата за безбедност и контраразузнавање за да врши увид во компјутерските податоци на УБК за предметот „Пуч“ со цел да се утврди кој, како и зошто прислушувал и дали тоа биле домашни или странски служби. Шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, на попладневниот прес денеска рече дека тие со месеци се обидувале да влезат во УБК.

Од осми март бараме податоци, но тие ништо не ни доставија. Затоа денеска влеговме со две судски наредби. Во наредбите стои дека треба да ги превземеме сите ПИМ мерки и сите разговори кои ги снимале од 2008 до 2015 година, рече таа.

Директорот не соработувал, Чавков им висел над глава

Јанева, која што попладневниот прес го одржа пред МВР за време на паузата која од нив ја побарале надлежните од УБК за наводно да одржат состанок, рече дека УБК не соработува и им ја отежнува работата.

Директорот на УБК не соработува, а не знаеме по кој основ овде е присутен и Митко Чавков. Постојано влегуваат и излегувааат полициски службеници, рече Јанева.

Таа внатре е со тројца обвинители, а се очекува да дојдат уште неколку обвинители и истражители. Јанева вели дека СЈО се организира во смени, ноќта ќе ја поминат во УБК, а се очекувало да седат таму и во наредните неколку денови се додека не ја завршат работата.

 

 

 

 

СЈО судски налог УБЈ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.