Што е говор на омраза? Од каде потекнува и кого засега? Кој е жртва, а кој е сторител? Како да го искорениме? Кој е одговорен, а кој треба да одговара?
Дваесет истакнати јавни личности дадоа одговори на овие прашања и како дел од кампањата на Хелсиншкиот комитет за човекови права тие ја споделија својата порака против говорот на омраза, под заедничкото мото дека омразата е слабост.

