Од:

(ВИДЕО) Над законот: Како ВМРО ДПМНЕ стана земјопоседник во три години

Ова не е приказна за видливото. Ова е приказна за моќ, пари и трговија  со влијание. КАКО? Погледнете го новото заедничко истражување на СКУП и НОВАТВ. Откриваме кога е купен имотот на ВМРО ДПМНЕ и како партијата успеала да се стекне со вид на имот кој по закон и е забранет. 

Законот за финансирање на политички партии предвидел дека партиите смеат да поседуваат само деловни простории. Доколку добијат на подарок или донација друг вид на недвижен имот должни се да го продадат на судска лицитација. Но како ВМРО-ДПМНе поседува ниви, пасишта и станови. Како нотарите ги завериле овие имоти и каде е контролата на државата врз политичките партии. Најголем дел од имото е стекнат во последните три години.

Денеска на веб страниците на НОВАТВ и СКУП читајте долга детална верзија на ова истражување, а на увид на граѓаните ќе ги ставиме сите имотни листови на владејачката партија.



Comments are closed.