Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ниту живиот студентски штит не го спречи изборот на нов ректор

1
By Нова ТВ on June 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 27, 2016 18:38

Во тензична атмосфера и со помош на членовите во Студентскиот Парламент,  кандидатите за сенатори на Универзитетот Кирил и Методиј денеска се обидуваа да влезат во просториите на Ректоратот на УКИМ и покрај студентската блокада која почна утринава.

Точно во 8 часот, претставници на Студентскиот пленум со жив штит не дозволуваа вработените во Ректоратот да влезат во просториите со цел да се спречи седницата на Сенатот.

Тие алармираа дека со конституирање на сенатот, во ова тело ќе се даде мандат на 10 нелегитимни претставници на студентите кои ќе имаат право незаконски да одлучуваат во сите одлуки на Универзитетот, вклучувајќи го и изборот за нов ректор. Поддршка добија и од професорскиот пленум.

 

По неколку часа нагодување, студентите се сложија на седницата на сенатот да присуствуваат четворица нивни претставници. Тие до тричлената комисија за верификација на мандатите доставија обемна документација дека студентските претставници се нелегитимни, но сепак Комисијата утврдила дека нема ништо спорно во мандатот на десетте студентски претставници.

 

И покрај барањата на Студентскиот пленум, студентите од Студентскиот Парламентот да објаснат од каде е нивниот мандат, кога биле гласани и кој ставил печат на нивните мандати, обидите за дебата завршија неуспешно. Така одлучи ректорот, по што студентите демонстрантивно ја напуштија седницата.

По бурната расправа, Сенатот сепак одлучи да ги спроведе изборите за нов ректор, каде што со 43 гласа, за прв човек на Универзитетот беше избран Никола Јанкуловски – досегашниот декан на Медицинскиот факултет. За него гласаа и претставниците на Студентскиот Парламент, за чија легитимност се спореше со часови.

Студентите и дел од Професорскиот пленум во неколку наврати посочија дека сите одлуки на УКИМ со кои гласаат нелигитмни претставници на студентите, еден ден ќе бидат оспорувани пред Законот. Тие посочија дека ова е една од најсрамните одлуки во историјата на најстариот Универзитет, кога уште гласот на студентите е погазен. Погледнете го видеото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.