Снимките од безбедносните камери поставени во ЛГБТИ центарот на Хелсиншкиот комитет за човекови права покажуваат груб и жесток напад врз нивните простории од страна на групата демонстранти кои во месец Март се судрија со полицијата на Битпазар, при што беа демолирани објекти од приватна и јавна сопственост, а беа повредени и полицајци.
Денеска за овој напад, како и за штетите предизвикани на другите субјекти во висина од 9 милиони денари, 14 обвинети лица добија казна затвор од 12 години.
Ова не е прв напад врз ЛГБТ центарот во Старата скопска чаршија. Последен пат Центарот беше нападнат пред десетина дена, при што беше повреден и полицаец, а МВР се уште трага по сторителите.
Во видеото погоре погледнете ги снимките од нападот врз ЛГБТ центарот.
Изутрината во 4 часот и 20 минути е направен обид за палење на ЛГБТ Центарот за поддршка кој се наоѓа во Старата Скопска чаршија.
Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска објасни дека еден од луѓето се качил на кровот на Центарот, извадил неколку ќерамиди, ги попрскал кровните штици со запалива материја и ги запалил. Веднаш по инцидентот биле повикани противпожарните екипи и полицијата, по што пожарот бил изгаснат.
>>Дипломатскиот кор го осуди насилството врз ЛГБТ центарот
Наснатот се случил само неколку часа откако претставници на странските амбасади во земјава беа присутни во Центарот и јавно го осудија насилството врз ЛГБТ заедницата и ги повикаа институциите да го расветлат инцидентот во кој група маскирани лица го нападнаа Центарот и повредија полицаец, кој се случи на 22 јуни годинава.