Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ го осуди објавувањето некролози за амбасадорите

4
By Нова ТВ on December 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 19, 2016 21:42

ВМРО ДПМНЕ вечерва преку соопштение го осуди објавувањето и ширењето на некролози за меѓународните претставници во земјава.

„Ваквиот акт е целосно неприфатлив и недозволен и во иднина мора да сопре“, се вели во партиското соопштение.

На социјалните мрежи од утрово кружи галерија од креирани фотографии на повеќе амбасадори во Македонија, како и други странски дипломати во кои што тие се поставени во комеморативни рамки со црни ленти и погребни свеќи.

Галеријата е креирана анонимно, а индиректно повикува на линч на амбасадорите во оваа земја. Тука се амбасадорите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, ЕУ, како и поранешниот медијатор во пржинскиот договор Питер Ван Хојте и европратеникот Ричард Ховит.

Амбиентот на говор на омраза и повици за отстранување на дел од амбасадорите од земјите на ЕУ и НАТО кои беа вклучени во изнаоѓања решенија за политичката криза во земјава повеќе од две години е присутен на социјалните мрежи и во дел од провладините медиуми, особено порталите. Но по предвремените парламентарни избори за време на протестите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои се случуваа изминатите неколку дена, атмосферата на омраза кон странските претставници во земјава ја „зовреа“ и функционери на оваа партија.

Од говор пред Државната изборна комисија (ДИК), прв на амбасадорот на САД, Џес Бејли, во четвртокот навечер минатата недела суптилно му се закани директорот на Државниот архив Филип Петровски. Состојбите кулминираа завчера со донесениот проглас на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ којшто беше читан од страна на претседателот Никола Груевски пред насобраната толпа во којшто тој директно им се обрати на странските амбасадори во говор кој беше оценет како заплашувачки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.