Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анонимна галерија со повици за линч на амбасадорите кружи на интернет

2
By Нова ТВ on December 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 19, 2016 12:32

На социјалните мрежи од утрово кружи галерија од креирани фотографии на повеќе амбасадори во Македонија, како и други странски дипломати во кои што тие се поставени во комеморативни рамки со црни ленти и погребни свеќи.

Галеријата е креирана анонимно, а индиректно повикува на линч на амбасадорите во оваа земја. Тука се амбасадорите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, ЕУ, како и поранешниот медијатор во пржинскиот договор Питер Ван Хојте и европратеникот Ричард Ховит.

Амбиентот на говор на омраза и повици за отстранување на дел од амбасадорите од земјите на ЕУ и НАТО кои беа вклучени во изнаоѓања решенија за политичката криза во земјава повеќе од две години е присутен на социјалните мрежи и во дел од провладините медиуми, особено порталите. Но по предвремените парламентарни избори за време на протестите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ  кои се случуваа изминатите неколку дена, атмосферата на омраза кон странските претставници во земјава ја „зовреа“ и функционери на оваа партија.

Од говор пред Државната изборна комисија (ДИК), прв на амбасадорот на САД, Џес Бејли, во четвртокот навечер минатата недела суптилно му се закани директорот на Државниот архив Филип Петровски. Состојбите кулминираа завчера со донесениот проглас на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ којшто беше читан од страна на претседателот Никола Груевски пред насобраната толпа во којшто тој директно им се обрати на странските амбасадори во говор кој беше оценет како заплашувачки.

 

Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ носат транспарент на протестот пред ДИК

Претходно, наставничка од основното училиште во Битола носеше погребен крст со името на лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Заев доби и индиректни закани и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој на говор во Делчево жалеше што Ќосето, инаку озлогласен убиец во историјата на ВМРО, не е жив:

“Да беше Делчев денеска жив, тој немаше да може со него да се поздрави, на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек- му порача Груевски на Заев”, изјави Груевски.

За време на изборната кампања, Граѓанско движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) во кое членуваат директорот на Театарот за деца и младинци, Братислав Димитров, професорката Виолета Ачковска, актерот Крсте  Јовановски, Миленко Неделковски и други, делеа памфлети со списоци каде што новинари и невладини организации беа етикетирани како непријатели на државата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.