Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ:Фридом Хаус е финансирана од СОРОС, затоа прави вакви извештаи

0
By Нова ТВ on June 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 13, 2014 20:09

Судејќи по вториот круг од изборите за тоа што се СДСМ е спремна да направи и во какви лаги, манипулации и клевети е подготвен да влезе со цел оцрнување на противникот, не се ни сомневаме дека по истиот рецепт можат било кој од ВМРО-ДПМНЕ да го претставуваат за богат како Бил Гејтс, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ, по повод соопштението на опозициската СДСМ.

-Но, фактот што постојано се служат со лаги и манипулации како и фактот што македонскиот народ одамна созреа и знае да распозне интриги од таков тип ги прави инструментите на ова криминално водство на СДСМ безмоќни и смешни, а тие сеуште не го разбираат тоа. Самите тие живејќи во удобствата од огромните кирии, луксузните возила, вили, распределбата на тендерите на роднините и братучедите, профитирањето од дивоградбите и слични секојдневни теркови на работа живеат во занес дека народот тоа не го забележува туку ги слуша нивните лаги и интриги, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Помина времето на лаги и интриги, бранковата школа е веќе прочитана и не дава резултати.
Битката на соросоидите за рушење на ВМРО-ДПМНЕ, македонскиот народ и неговиот идентитет не е од вчера таа трае и ќе продолжи. Ние заедно со народот ќе продолжиме да живееме во таков амбиент.

Милионерите на СДСМ, криминалниот двоец Зоран Заев и Радмила Шекеринска се типичен пример на лица со двоен морал и лажни вредности.
Заев и Шекеринска и покрај тоа што имаат милиони на своите сметки постојано кукаат и никогаш не им е доста.

Фридом Хаус е финансирана од СОРОС и е јасно зошто прави вакви извештаи, во чие формулирање учествуваат новинари платени од Милчин и СДСМ во македонските медиуми.

СДСМ е една голема фарса и мафијашка мрежа која е прочитана од граѓаните и не случајно губи на девет последователни изборни циклуси. Штета е што освен на себе си тие прават штета и на државата, но очигледно имаат добри мотиви и одработуваат за некого, велат од партијата на власт, ВМРО ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.