Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Давос деблокирана втората фаза од Спогодбата за соработка со ЕУ

1
By Нова ТВ on January 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 24, 2018 19:24

Додека во Давос паѓаше снег, Зоран Заев и Алексис Ципрас донесоа одлуки што треба да ги затоплат нашите односи со јужниот сосед и да отворат пат за решавање на спорот со името. Чекори на кои Македонија чека уште од 2009 година поради грчката блокада.

Деблокирање на втората фаза на Спогодбата за соработка со ЕУ

Пред се, Атина се согласува да и дозволи на Македонија да мине во втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација  (ССА) на Македонија со ЕУ.

Минувањето во втората фаза за ССА беше повеќе години блокирано од страна на Грција. Оваа Спогодба беше потпишана во далечната 2001 година, во екот на кризата во Македонија, и стапи на сила на 1 април 2004 година. Таа е рамка  за спроведување на договорните односи се до приемот на Република Македонија во членство во ЕУ и претставува највисока форма на институционална соработка меѓу РМ и ЕУ. ССА влезе во четиринаесеттата година на спроведување. Конечно, Грција одлучи да ја крене рампата пред примената на овој договор.

Македонија континуирано го спроведува одредбите на Спогодбата и нема отворени прашања во тој поглед.

Охрабрува фактот што целите поставени во ССА за стабилизација, здружување и воспоставување на зона на слободна трговија се исполнети, но, сепак, клучната цел за отворање на преговорите и приближувањето кон структурните и кохезионите фондови се уште не е постигната.

Отпочнувањето на оваа фаза ќе има импликации и врз правото на основање, вршење на услуги, тековни плаќања и движење на капитал, како и во делот на постепено усогласување на законодавството и непречена имплементација на Националната програма за имплементирање на правото (НПАА).

Дополнително, ССА содржи рамка за политички дијалог и ја зајакнува регионалната соработка. Така, со примената на одредбите од втората фаза би се постигнал степен на унапредување и проширување на пазарите и економските односи помеѓу нашата земја и земјите од ЕУ, преку воспоставување на основите за техничка и финансиска помош.

Со оглед на фактот дека заедничките тела за спроведување на ССА (Совет, Комитет, седум поткомитети, Специјална група за РЈА, Заеднички парламентарен комитет) рутинирано поминаа 13 циклуси на состаноци и во голем дел ги исцрпеа темите што произлегуваат од ССА, потребна е суштинска промена на содржината на состаноците и нивно продлабочување во насока на пристапните преговори, односно спроведување на обврските од втората фаза на ССА.

Се отвора патот за пристап кон Јадранско-Јонската иницијатива 

Истовремено сега Македонија ќе може да пристапи кон Јадранско-Јонската иницијатива (ЈЈИ).  Македонија како членка на ЈЈИ би добила можност:

– Да ја продлабочи билатералната соработка со другите членки, кои се меѓу најважните македонски партнери во меѓународната економска соработка и трговија и на меѓународно-политички план (Италија, Грција, земјите на поранешна СФРЈ);

– Да учествува рамноправно во обмислувањето на стратешката развојна ориентација во географскиот регион на кој му припаѓа, преку активна улога во органите на ЈЈИ (Комитет на високи функционери и Министерски Форум)

– Да учествува рамноправно во конкретните форми на соработка утврдени како приоритетни: транспорт, туризам, култура, животна средина, итн.

-Преку членството во ЈЈИ Македонија добива можност во уште еден регионален форум за да ги афирмира своите меѓународно-политички позиции и да ја подобри својата преговарачка позиција во однос на приоритетите во меѓународната соработка;

– Унапредување на добрососедската соработка, особено со Грција и продолжување на започнатиот процес на приближување.

Членството во ЈЈИ, како регионална структура со скромни буџетски средства, не може да донесе други директни бенефити, надвор од можноста уште еден форум да биде искористен за промоција на надворешно-политичките приоритети. Членките ја уживаат логистичката подршка на Постојаниот секретаријат, со седиште во Анкона, трошоците се покриени од земјата домаќин а секоја од земјите членки може да ги покрие трошоците на свој претставник во Секретаријатот.

ЈЈИ преку своите Тркалезни маси е во формална врска на соработка со Стратегијата на ЕУ за Регионот на Јадран-Јон, односно со неговата Тематска група за разработка. Европската комисија  (ЕК) полноправно учествува во регионалната организација, дури ко-претседава со активности доколку е тоа потребно.

ЈЈИ се разликува од другите регионални структури по својот состав, сите членки се во процес на евроинтеграција и има олеснета комуникација со Брисел. Членството би овозможило следење на проблематиката на макро-регионални стратегии на ЕУ во рамноправни услови со другите држави од нашиот регион.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.