Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за јазиците ќе биде донесен пред локалните избори

0
By Нова ТВ on July 19, 2017 ПОЛИТИКА
Фото РСЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Владата ќе го донесе законот за јазиците пред локалните избори.

Според него, со неговото донесување нема да бидат загубени гласовите на граѓаните ниту од македонската, ниту од албанската етничка заедница.

Тој пред деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори истакна и дека секој има право на еднаквост во општеството и да ја чувствува Македонија како своја.

Вчера, одговарајќи на истото прашање Заев рече дека СДСм останува на истиот став, не калкулира и не купува време.

-Ова прашање не е само прашање на ДУИ,Беса, ДПА…ова е прашање и на СДСМ и на македонските граѓани. Оваа влада има намера со решенија да ги затвора отворените прашања, а не да ги става под тепих, рече Заев.

Тој истакна дека предлогот на измените е во процедура и во тек се консултации, а ќе биде донесен на оворена седница.

-На предлог на нашите европски прјатели нацртот ќе биде испратен и до Венецијанската комисија, на нивна експертиза. Ние како Влада ќе го донесеме предлогот на Законот за употреба на јазиците на отворена седница. Еве и во ВМРО-ДПМНЕ велат дека сакаат да ги променат своите позиции кон Албанците во Македонија, па на собраниската расправа очекуваме поддршка и однив. Одлуката е донесена. Собраниска седница може да има и пред добивањето на екпертизата од Венецијанската комисија. Ние може да го донесеме законот,  а ако има некакви забелешки до Венецијанската комисија, да седнеме и да дополниме нешто ако се согласуваме со забелешките. Немаме никакви резерви да ги разгледаме и тие укажувања. Со коалициските партнери процесите ги водиме што побрзо да ги решаваме проблемите. Не калкулираме, не купуваме време, законот треба час поскоро да го донесеме. Ако овој закон го донесеме и почне неговата имплементација, тогаш ќе имаме повеќе време да се посветиме на економските прашања. Немаме никакви предрасуди. Тоа што сме го кажале стоиме позади тоа, изјави Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.